Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

08.02.2017, 13:50

МАКЕДОНСКИОТ ПИСАТЕЛ СТАНА ЧЛЕН НА ЕВРОПСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ, УМЕТНОСТИТЕ И КНИЖЕВНОСТИТЕ

Пристапниот говор на Плевнеш е за политичкиот терор

Македонскиот писател со интернационално реноме Јордан Плевнеш, едногласно е избран за редовен член на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите.

Предлогот за оваа нова и престижна функција е од претседателот Жан-Патрик Конрад, професор на Ројал колеџ од Лондон.
Европската академија на науките, уметностите и книжевностите, со седиште во Париз, е формирана во седумдесеттите години на ХХ век, во знакот на визијата на Леонардо да Винчи дека синтезата меѓу научното и уметничкото творештво е основа на европската цивилизација.
Во составот на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите се плејада научни и уметнички творци од сите земји на Европа, од кои дваесетина нобеловци од природните науки. Најпознати творци на модерните времиња, од Федерико Фелини до Клод Леви-Строс, се вбројуваа меѓу членовите на оваа престижна институција, а во нејзиниот актуелен состав е и Марио Варгас Љоса, носител на Нобеловата награда за литература.



Во чест на номинацијата на Јордан Плевнеш, во Скопје ќе допатува претседателот Жан-Патрик Конрад, и ќе учествува на дводневниот интернационален симпозиум, кој ќе се одржи на 20 и на 21 февруари, на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска, театарска и танцова академија - Скопје каде што ќе настапи со темата "Хамлет и Европа - да се биде или не".
На истиот симпозиум, Плевнеш ќе зборува на темата "Хамлет и Македонија - да се биде или не".
Пристапното предавање на Плевнеш за Европската академија на науките, уметностите и книжевностите ќе се одржи на Универзитетот Пантеон-Асас на Сорбона на крајот од април 2017 година, на тема "Драматургијата на глобалниот политички терор - земи или остави". (К.Р.)


Текстот е прочитан 1107 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter