Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.02.2017, 13:16

ПО ИЗЛОЖБАТА ВАНГЕЛ НАУМОВСКИ 1924- 2006 ВО НГМ

Изолиран авторски опус

Изложбата, после годините на заборав има пригоден карактер со дела главно од колекцијата на фамилијата, во која се застапени сите периоди и фази на творештвото на Наумовски.

Изложбата, после годините на заборав има пригоден карактер со дела главно од колекцијата на фамилијата, во која се застапени сите периоди и фази на творештвото на Наумовски.
Организаторите очевидено немале амбиција да направат поцелосно и посериозно критичко претставување, особено после монографијата на светски познатиот теоретичар и критичар Ото Бихаљи Мерин.
Стана познат како сликар наивец за кого во 1970 година Салвадор Дали ќе забележи дека "не е е обичен наивец" и дека во неговоите слики има елементи на наука и една многу интересна "биолошка страна".
Тој е самоук, меѓутоа не сосем, затоа што во 1946-1947 година го посетувал Уметничкото училиште во Скопје. Не постои податок дека бил исклучен (од Мартиноски) заради "неталентираност". Неговата работа како цртач во резбарското ателје, потоа за градежно претпријатие и особено за Хидробиолошкиот завод ќе се покаже како добра основа за прецизниот цртеж и јасните форми на сликарството на Наумовски. Тој почна како сликар со забелжлив наивизам на инспирацијата од животот, пејзажите и легендите на родното Скребатно и Охрид грижливо градејќи ги формите на густата медитеранска вегетација, распоредот на робусните фигури сè до иконовидните "народски" векови, лирски доживеани. Во некои дела нè потстетува на надреално симболистичкиот свет на Анри Русо-Цариникот ("Смртта на Кузман Капидан" 1956, "Расцутени моми" 1959, "Девојка во искушение" 1960, "Храм на љубовта", 1960, "Зелена пољана" 1962). Постепено во сликите почнува да се ослободува фантазијата, проткаена со идеалот на убавина, светлина и хуманост. Овие цветни "острови на среќата" се недопрени од немирот на суровата стварност. Наумовски ќе продолжи сè посугестивно да ја развива својата визуелно осмислена пантеистичка визија на светот, свет затворен, поточно затворен во биолошките форми, потврдувајќи ја основната недоречена идеја на Фројд, за сублимација во творештвото (необичното платно "Галаксија око" од 1960, "Градина на сончевото зајдување" од 1968, "Расцветани огнови" и "Сакана волшебност" од 1969 година, "Тишина на распеана ноќ" од 1970, потоа "Грев на младоста" од 1967). Цртежите на Наумовски "Нестварна стварност" од 1978 година, "Универзум" (автопортрет) 1979 година, "Охриѓанка" 1980 се исткаени филигрански од треперливи линеарни потези од кои, со различна густина се сугерирани светлите и темни делови, масата на формата, контурите или атмосферата на симболистичката претстава, барокната изразност на сликите.



Формите се обединети со динамични мелодиозно извиени и прецизно доловени линии. Миметичките делови се очистени од сугестија на вулгарност во интерес на универзален ритам и еротизам. Наумовски работел и според правилата на симетрија. Сликите потсетуваат на органскиот свет на форми на Ханс Арп со неговите "ритми на бесконечна нежност" или на "вечното женско" на Гете преку препознатливите линии кои течат или лебдат во просторот меѓу фигурацијата и апстрактнтите форми. Во неговите дела може да се асоцира на анимациите создадени од Дали и Дизни покрај некои поранешни укажувања на примери од сликарството на Бош, Кандински, Кле, Миро, Шагал, Редон итн. Не треба да се заборави Реноар и неговите актови кои се насликани како арабескни цветови. Критиката ќе укаже на елементи на Ар Нуво, одредени фолклорни и ориентални-византиски поттици како и извесна психоделичност и декоративност. Некои современи уметници покажаа како еден интимен микросвет може да се преведе во нова просторна реализација (Пиплоти Рист, Такаши Мураками, итн.).
Наумовски го промени својот потпис со неколку псевдоними кои ги означуваат промените во животот и во творештвото. Се посветува на музиката и на поезијата кои се во знакот на интиутивни импровизации и наивен "реализам". Сликите на тема космос ("Космичка галаксија" од 1980 и други) се сликани прецизно, нагласено педантно дури студено и пресметано во изведбата со можна употреба на фотографии. Следи серија "акварели" (всушност акрили) равотени лесно и брзо на мазна хартија од 80-тите години. Авторот применил Широки динамични потези на поедноставени орнаментални форми со нагласена вибрантна структура. Празните површини имаат значајна улога. Последната серија цртежи во боја од 90-тите години се изведени слободни линии (блиски до психичкиот автоматизам на надреалистите) кои се изразуваат самите себе и некои далечни асоцијативни форми. Исчезна романтичниот звук на "нагонскиот наивизам", на лирскиот хедонизам и шаролика или вознемирена сладострасност. Хрватските критичари ќе предничат со афирмативни оценки, меѓутоа најрано е забележан од македонските критичари.
Како може денес, во многу променети услови да се види и доживее сликарството на Вангел Наумовски? Сигурно различно или поинаку од порано, меѓутоа трагите што ги остави оваа "меланхолична фигура" на љубопитен лиричар во македонската уметност се свежи и оригинални.
Владимир Величковски


Текстот е прочитан 1016 пати.
#
Викенд со Кјубрик, шпански и француски филмови
Танцот ми дозволува да останам своја
Ретро-комбе го рекламира "Малиот гангстер"
РОМАН НА ГОДИНАТА: Врачена наградата на писателот Давор Стојановски
Бајка со магионичарски ефекти
Создавај уметност и продавај ја
Со Пикасо во ЕУ
Скопје во 3Д филм со "Танц фест"
Милчо Манчевски со Медлин Олбрајт и со директорите на УНЕСКО, „Кенеди“ и „Гугенхајм“ на културен самит во Абу Даби
Скопје танцува во 3Д (Фото)

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter