Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

11.11.2015, 11:51

АВИОНИ

КОИ СЕ ПАТНИЧКИТЕ ПРАВА КОГА АВИОКОМПАНИИТЕ ШТРАЈКУВААТ, ОДЛОЖУВААТ ЛЕТОВИ, ГУБАТ БАГАЖ...

Водич за патници заглавени на аеродромите

САД (Јаху травел) - Според Марфиевите закони сè што може да тргне наопаку, ќе тргне наопаку.

Меѓутоа, тоа не значи дека авиокомпаниите треба да ве остават на цедило.
Дури и неискусните патници денес знаат дека треба да имаат резервен план во случај на одложени летови или преполни авиони.
Она што не може да го претпоставите и испланирате е штрајк на екипажот на лет.
Токму тоа се случи минатата недела кога екипажот на лет на "Луфтханза" почна штрајк на аеродромите во градовите Франкфурт, Диселдорф и Минхен.
Како резултат на тоа беа откажани 929 летови, а речиси 113.000 патници на "Луфтханза" останаа заглавени на аеродромите.
Вработените сигурно имаа причини зошто штрајкуваа, но се чини е речиси сурово да оставиш толку многу луѓе на цедило.
Тука се поставува прашањето: Кои права ги имате како патници кога сè ќе тргне наопаку?
Одговорите ги дадоа Службата за транспорт на САД (ДОТ) чија главна обврска е да се осигура дека патувањето низ земјата е безбедно и ефикасно и Кристофер Елиот, експерт за услуга на корисници во авиоиндустријата.
Ова се потенцијалните сценарија:

Авиокомпанија е во штрајк

Во случај на штрајк бидете подготвени дека ќе наидувате на препреки.
Откако летот ќе ви биде откажан авиокомпанијата не е обврзана да ве однесе до вашата крајна дестинација.
Според ДОТ авиокомпаниите во овој случај не се обврзани да ви обезбедат хотелско сместување, храна, да организираат заменски превоз со други авиокомпании или да ви ги надоместат трошоците за други авиоуслуги.
Покрај сите работи што нема да ги направат, има една работа за која не можат да речат "не".
"Ако авиокомпанијата не оперира со летови имате право веднаш да ви биде надоместена цената на билетот. Точка.", вели Елиот.
"Ако повеќе ви одговара да букирате друг лет наместо да ви ги вратат парите, повеќето авиокомпании ќе се обидат да ви помогнат и да ве сместат на лет кај некоја од партнерските авиокомпании, иако не се обврзани да го направат тоа. Не заборавајте дека во ситуација на штрајк ве услужува вработен кој се плаши за иднината на своето работно место", потсетува Елиот.
"Бидете љубезни и поголема е веројатноста дека ќе ви помогнат."
Совет: Букирајте летови со авиокомпании што се делови од алијанса. Ако имаат партнерски авиокомпании вие имате поголеми шанси побрзо да букирате заменски лет.

Авиокомпанијата банкротира

Ова можеби ви звучи како неверојатно сценарио, но од 1998 година наваму 30 авиокомпании престанале со работа или банкротирале.
Добрата вест е дека патниците законски имаат право да им биде надоместена цената за сите резервирани летови што не ги искористиле.
Исто така, партнерските авиокомпании може да ги преземат билетите на патниците кои имале резервација во авиокомпанијата што во меѓувреме банкротирала.
Совет: Купувајте ги авиобилетите на кредитна картичка. На овој начин ако банкротира авиокомпанијата ќе ви бидат вратени парите многу побрзо отколку во кеш.



Авионот е пренасочен

Секоја недела се чини слушаме нова приказна за патник кој "пошизил" за време на лет и поради тоа морало да се пренасочи авионот и да слета на друго место што не е вашата крајна дестинација.
Во многу случаи тоа значи дека ако имате поврзан лет, ќе го пропуштите.
Ако летот ви е пренасочен, сè зависи од договорот и правилата на самата авиокомпанија.
Ако проблемот за пренасочувањето е механички повеќето авиокомпании ќе ве сместат во хотел и ќе ви дадат ваучер за храна додека не ви се букира друг лет.
Но ако пренасочувањето е поради лоши временски услови или патник со нервен слом, авиокомпанијата се оградува од одговорност бидејќи смета дека нема контрола врз тие околности..
Во тој случај не е обврзана да ви обезбеди алтернативен превоз.
"Од практична гледна точка, авиокомпаниите им помагаат на патниците бидејќи така е правилно, иако не се обврзани со договор", вели Елиот.

Со часови заглавени на авионскиот паркинг

Ова е кошмар за секој патник. Се качувате во авионот и очекувате наскоро да полетате. Но, наместо тоа со часови дремете на паркингот додека авиокомпанијата се справува со механички проблем, нецелосна документација или метеж на пистата.
За среќа, незаконски е патниците да чекаат заглавени на авионскиот паркинг со часови.
Според ДОТ авиокомпанијата не смее да ги чува патниците на авионскиот паркинг подолго од три часа за домашен лет и четири часа за интернационален лет без да им дозволи да се симнат ако сакаат.
Исто така, по два часа авиокомпанијата мора да ви даде вода и храна и да ве информира за напредокот на ситуацијата на секои 30 минути и да обезбеди непречено функционирање на вецеата во авионот.
Нема да добиете надомест ако авиокомпанијата ги прекрши правилата на однесување на авионскиот паркинг за кои може да биде парично казнета.
Совет: ДОТ има објавено прирачник за правата на патниците во авиотранспортот наречен "Флај-рајтс" и е лесно достапен на Интернет.

Правилата си се правила

Ако авиокомпанијата ве донесе до вашата крајна дестинација во рок од еден час од планираното пристигнување, не ви должи ништо.
Меѓутоа, ако алтернативниот план за превоз ве однесе до крајната дестинација во рок од еден до два часа од оригинално планираното време или ако авиокомпанијата не ви организира заменски превоз, мора да ви даде надомест во висина од 400 отсто од билетот во еден правец, во максимална висина од 675 долари.


Багажот доцни

Без разлика што ви кажува авиокомпанијата, имате права од моментот кога ќе го изгуби вашиот багаж.
"Имам видено со свои очи како вработените во авиокомпаниите им даваат пари во кеш на патници чиј багаж е времено изгубен", вели Елиот.
Секоја авиокомпанија има различни правила и ограничувања на надоместот за задоцнет, изгубен или оштетен чекиран багаж.
Според ДОТ лимитот за надомест моментално изнесува 3.500 долари по патник за изгубен багаж.


Текстот е прочитан 1990 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter