Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

27.01.2017, 14:32

НА 80 ГОДИНИ

Почина комичарката Мери Тајлер Мур

САД - Мери Тајлер Мур немаше сè во нејзината комична серија во '70-тите, но она што го имаше беше доволно.

Сопругот и децата, ТВ-рецептот за женската задоволеност ги немаше во "Шоуто на Мери Тајлер Мур". Напротив, таа ги комбинираше работата, пријателите и љубовниците, во алтернативната верзија за исполнет живот на една млада модерна жена. Феминизмот веќе рече дека тоа е возможно. Мери го направи мејнстрим со нејзините шарм и насмевка од милион вати, и $ покажа на Америка дека може да $ се восхитува на независната жена и да ја прифати. Таа беше толку инспиративна што дури и оние кои го немаа совршениот баланс на грациозност и смелост, можеа да се замислат како го остваруваат сопствениот успех.
Мур, која почина завчера на 80 години, "влијаеше врз мојата кариера повеќе од кој било друг пример од ТВ", рече Андреа Мичел, новинарка од "Ен-Би-Си". "Таа навистина го осветлуваше светот со нејзината насмевка".
Марло Томас, која играше уште една сингл жена со фокус на кариерата во серијата "Таа девојка" во '60-тите, $ оддаде почит на Мур и на нивното заедничко достигнување.
"Се гордеам што бевме дел од тоа пионерско сестринство што ги донесе независните сингл жени на телевизија. Многу ќе ни недостига на сите", рече Томас.
Во центарот на Минеаполис каде што се одвиваше дејството во серијата на Мур, обожавателите положија цвеќиња пред статуа на првата сцена од серијата, во која таа победнички и радосно ги крева рацете.



Мур беше талентирана актерка, не само во комедијата како жанр, рече Роберт Редфорд, кој ја режираше во семејната драма "Обични луѓе" во 1980 година, и за таа улога беше номинирана за Оскар.Се прослави во '60-тите со улогата на Лора Петри во "Шоуто на Дик ван Дајк", за која доби седум награди Еми низ годините.Серијата траеше седум сезони и освои вкупно 29 награди Еми, рекорд кој траеше четврт век, пред да биде надминат од "Фрејзер" во 2002 година. Во нејзината автобиографија "После сè", Мур призна дека му помагала на нејзиниот смртно болен брат да се самоубие, давајќи му сладолед со смртоносна доза лекови. Обидот бил неуспешен, и нејзиниот 47-годишен брат Џон почина три месеци подоцна, во 1992 година од рак на бубрезите.
Мур 40 години боледуваше од дијабетес и ја раскажа нејзината борба во книгата "Одново растење" во 2009 година. Таа, исто така, се лекуваше од зависност од алкохол во клиниката "Бети Форд" во 1984 година. Во 1983 година Мур се омажи за третиот сопруг кардиологот Роберт Левин, со кого остана до крајот на животот.


Текстот е прочитан 1382 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter