Македонија Култура Скопје Живот Спорт Свет Калеидоскоп Култура свет
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

11.01.2017, 13:42

Бабини совети за во кујната

Зачините држете ги на суво место и на провев и подалеку од другите продукти. Солта ќе остане сува, ненавлажнета ако во неа се додадат неколку зрна ориз.

Компирите мора така да се стават за да може од сите страни, па и одоздола да добиваат воздух. За тоа се добри дрвените гајби. Еднаш во месецот компирите мора да се прегледаат и расипаните да се фрлат. 'Ркулците што се појавуваат на нив мора да се отстранат само пред варењето.
Лебот и производите од брашно чувајте ги на овој начин: лебот, ако не го држите во дрвена кутија, чувајте го во земјен сад со исечената страна надолу. Притоа садот често плакнете го со топла вода. Сувите резанки, макароните и другите тестенини чувајте ги во платнени вреќички или оние од хартија. Вреќичките ставете ги да висат на суво и место со провев.
Остатокот парчиња од сирење покријте ги со тенџере или уште подобро со стаклен ѕвон, а поголемите парчиња завиткајте ги во чиста крпа натопена во пиво и исцедена. Сувото сирење нема целосно да се исуши кога ќе го чувате меѓу сол.


Текстот е прочитан 1913 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Фотографиите од сексапилната албанска поп пејачка Ени Кочи уриваат рекорди на Интернет
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Варени јаболка со пудинг
Приготвување: јаболката измијте ги, излупете ги и ставете ги во половина л...
Site Meter