Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

23.09.2015, 13:18

АВИОНИ

БЕЗБЕДНОСТ ИЛИ ЗАБОРАВЕНА РЕЛИКВИЈА

Зошто во авионите има пепелници ако пушењето е забрането

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА (Дејли мејл) - Лежерното палење цигара веќе со децении е забрането во повеќето авиони.

Меѓутоа, патниците, особено оние со изострен поглед, сигурно забележале една заостаната реликвија во авионите од тие времиња.
Едноставниот пепелник во авионските вецеа уште е задолжителен, за секој случај ако некој патник се искраде на цигара.
Авиокомпаниите стравуваат дека патниците кои скришум пушат ќе ја фрлат недозволената цигара кај што не треба, како на пример во мијалникот или во корпата со искористени хартиени марамчиња.
Наместо да ризикуваат потпалување пожар и вознемирување на другите патници, авиокомпаниите пресудија дека е подобро во авионите да има безбедно место за фрлање опушоци.
Пушењето беше забрането на домашните летови во САД во 1988 година и повеќето авиокомпании ширум светот го следеа примерот до крајот на 90-тите.
Забраната обично ригорозно се применува, со повеќе предупредување преку разгласите во авионот и со светлечки знаци за забрането пушење.
Во 2009 година авион "боинг 747" на "Бритиш ервејс" за Мексико Сити на кратко беше приземјен откако беше откриено дека во авионот нема пепелник.



Авионот повторно полета дури откако екипажот успеа да најде пепелник од друг авион.
"Законски мора да го имаме, согласно наредбите на службата за авијација мора да имаме пепелници бидејќи иако пушењето е забрането за време на лет, ако некој сепак запали цигара во авионот мора да има безбедно место каде може да ја изгаси", рече тогаш портпаролот на "Бритиш ервејс" за "Мејл онлајн".
"Им се извинуваме на патниците за непријатноста, ама нивната безбедност секогаш ни е главен приоритет."
Правилото за пепелниците можеби се чини претерано, но се должи на трагедија.
Во 1973 година 123 луѓе загинаа кога авион од Рио де Жанеиро за Париз мораше итно да слета поради чад во кабината.
Се претпоставува дека причината било догорче фрлено во корпата за хартиени марамчиња во вецето.
Многу патници на летот починаа од вдишување чад уште пред ударот при слетувањето.
Федералниот правилник на САД гласи: "Без разлика дали пушењето е дозволено во други делови на авионот, во вецеата мора да има единечни монтажни пепелници наместени на видно место до вратата на вецето..."
Европската служба за авиобезбедност има слично правило и со закон е задолжително да има по еден пепелник во секое авионско веце.
Ова е дел од минималната задолжителна листа на предмети што мора да ги има во авионот пред да полета.

Авион на вариг изгорел од опушок

Во пожар што најверојатно бил предизвикан од запалена цигара во авион на компанијата Вариг, за време на лет од Рио де Жанеиро за Париз, во 70-тите загинаа 123 луѓе.
Летот 820 морал итно да слета на 11 јули, 1973 година на само неколку километри пред крајната дестинација, откако се појавил чад во кабината.
За неколку минути екипажот не можел да ги гледа инструментите и патниците од чадот не можеле да ги најдат излезите за во случај на опасност.
Пожарот почнал во задното веце, најверојатно од запалена цигара фрлена во корпата за искористени хартиени марамчиња.
Повеќето патници се задушиле, а преживеаја само 11-мина од кои 10 беа членови на екипажот.


Текстот е прочитан 2384 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter