Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

23.01.2017, 13:19

ФОЛК-ПЕЈАЧКАТА АДРИЈАНА БОЈКОВСКА СЕ СВРШИ СО ДЕЧКО И МАРТИН КОСТАДИНОВСКИ

Со свекрва ми плачевме од среќа

Фолк-пејачката Адријана Бојковска се сврши со нејзиниот дечко Мартин Костадиновски, со кого е во врска неполна година. Адријана и Мартин од летото живеат заедно, но сепак, тој одбрал да ја побара за жена на новогодишниот настап во еден скопски ресторан.

"Длабоко во себе верував дека Мартин ќе ме побара за дочекот на Нова година, но не бев сигурна. Кога помина полноќ, си реков се премислил, но во еден часот по полноќ, додека игравме, колегата на микрофон рече "Еден човек сака да каже нешто", и Мартин му го зеде микрофон. Прво на сите им ја честиташе Новата година, и кога го видов на колена, се стаписав. Сосема се исклучив, не го ни слушнав што зборуваше. Само луѓето околу мене ги слушав како викаат на глас: 'Кажи да, кажи да'. Не можев да се соземам, едвај се прибрав и, секако, кажав да. Ми го стави прстенот на рака, кој беше три броја поголем од мојот прст, лошо пресметал. Со нас на пречекот беше и свекрва ми Јасмина, и целиот план на Мартин го знаела, но молчела. Секако, од емоции се расплака и таа", вели Адријана.
Адријана и Мартин одлучиле свадбената веселба да ја направат на лето, а веднаш потоа да заминат на свадбено патување во Италија.



"Се договоривме свадба да правиме на 15 јули. Сакавме на петти август, но бидејки сестра ми доаѓа од Италија во јули, ќе правиме порано, и потоа ќе заминеме во Италија на свадбено патување, а секако, и на гости кај сестра ми. Веќе е договорено да ни свири групата 'Тандеми', а ќе правиме мала свадба, само со најблиските. Со Мартин не сакаме голема свадба", вели пејачката.
Адријана и Мартин се запознаа на Фејсбук, и од моментот кога се виделе, се неразделни. Неколку месеци откако почнала нивната врска, решиле да живеат заедно.
"Мартин е некој што го барав цел живот. Нашата љубов беше љубов на прв поглед. Во денешно време тешко е да најдеш нормален дечко, но во Мартин го има сето она што го барав. Мартин е многу добар и, што е најважно, ме поддржува во мојата професија. Мартин е оној вистинскиот. Денес тешко е да најдеш сродна душа, некој што ќе те сака исто колку што го сакаш ти него. Но ние се сакаме неизмерно. Како на филм. Како цел живот да сме заедно", изјави пред неколку месеци пејачката. (В.М.)


Текстот е прочитан 2727 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter