Македонија Култура Скопје Живот Спорт Свет Калеидоскоп Култура свет
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

11.01.2017, 13:15

ЕЛЕМ: Грција го исклучи далноводот кон Македонија, снабдувањето со струја редовно

Снабдувањето со електрична енергија за тарифните потрошувачи - домаќинствата и помалите компании на регулираниот пазар за електрична енергија се одвива редовно и во согласност со потребите. Во изминатите 24 часа целосно е одговорено на потребите на конзумот со оптимизација на домашните производни капацитети и преку набавка на електрична енергија во часовни периоди од денот кога се бележи најголема потрошувачка, информира АД ЕЛЕМ.

Од компанијата посочуваат дека во текот на вчерашниот ден е регистриран преку 30 проценти поголем конзум од вообичаениот за предметниот период, а измерената температура за тој период била 15 степени пониска во однос на просекот за последните пет години.

- Сите расположливи капацитети за производство на АД ЕЛЕМ се ставени во погон, а дел од количините преку редовна постапка за набавка на електрична енергија кои компанијата редовно ги објавува на својата веб страница се обезбедени на слободниот пазар во согласност со постојните правила и процедури усвоени од Регулаторната комисија за енергетика. И понатаму внимателно се следи потрошувачката на електрична енергија и се прилагодува производството од домашните капацитети во согласност со потребите на потрошувачите на регулираниот пазар, соопшти АД ЕЛЕМ.

Оттаму нагласуваат деке временските услови од кои се погодени земјите од Југоисточна и Централна Европа, зголемената побарувачка и потрошувачка, како и застојот на повеќе термоенергетски и нуклеарни капацитети во регионот и во земјите од Централна Европа, директно влијаат и на цените на електричната енергија.

- Во текот на вчерашниот ден Република Грција воведе забрана за физички трансакции и го исклучи далноводот кон Македонија, односно не дозволи транзит на енергија. Истовремено, и соседна Бугарија ги разгледувала опциите за затворање на сопствената интерконекција кон соседните земји, посочуваат од АД ЕЛЕМ.

Повторуваат дека набавката на електрична енергија што се врши во овој период нема да влијае врз цената на електричната енергија за домаќинствата и за малото стопанство кои се на регулираниот пазар за електрична енергија, затоа што негативните финансиски импликации во целост се нивелирани со додадената вредност од продажбата на вишоци на електрична енергија што АД ЕЛЕМ ја реализираше во ноември и декември, како и од вишоците што компанијата ќе ги реализира во наредниот период. Средствата за таа намена АД ЕЛЕМ во целост ги обезбеди од сопственото работење.


Текстот е прочитан 1349 пати.
#
Македонија ќе работи на намалување на создавањето отпад
Димитриев: Логично е победник со победник да ја составуваат новата влада
Вајгл предлага ЕУ да преземе нови иницијативи за решавање на сопорот за името со Грција
Хјуман Рајтс Воч одбива да ги идентификува преговорите за името како напад врз најосновните права на Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Светот го виде вистинското лице на Сорос (Фото)
Загреб се нуди да ги реши спорните прашања во регионот
Јанева и СЈО одлучија да одиграат пристрасно и политички
Македонците поттик за Србите и за Хрватите
Турските студенти го напуштаат Штип
Верници, а не веруваат во бог

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Фотографиите од сексапилната албанска поп пејачка Ени Кочи уриваат рекорди на Интернет
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Варени јаболка со пудинг
Приготвување: јаболката измијте ги, излупете ги и ставете ги во половина л...
Site Meter