Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

07.02.2017, 13:52

ЗАДУТРЕ ВО КИНОТО "СИНЕПЛЕКС"

Женска вечер за премиерата на "Педесет нијанси потемно"

По минатонеделната премиера во Лос Анџелес, продолжението на еротската драма од 2015 година "Педесет нијанси сиво", со наслов "Педесет нијанси потемно", од задутре ќе се прикажува во киното "Синеплекс".

Џејми Дорнан и Дакота Џонсон ги репризираат улогите на Кристијан Греј и Анастасија Стил, а играат и Хју Данси, Тејлор Хоечин.
Оскаровката Ким Бесинџер ја игра улогата на Елена Линколн, или позната како Госпоѓа Робинсон, постара жена од минатото на Кристијан Греј, која го вовела во светот на садомазохизмот.
Пред да почне да се снима вториот дел, обожавателите испраќале писма до продукцијата дека во улогата на Елена Линколн би сакале да ги видат Ким Катрал, Мишел Фајфер и Шарлиз Терон.
Режисер е Џејмс Фоли, а Нил Леонард го адаптираше сценариото на истоимената книга од неговата сопруга Е. Л. Џејмс.
По премиерата на "Педесет нијанси сиво", фановите и критичарите не беа задоволни со изборот на Дорнан за ликот на Кристијан, но продукцијата одлучи да го задржи и за вториот дел.
Филмот се снимаше лани, од февруари до јули во Ница, Франција, а актерите беа таму и за време на терористичкиот напад, кога загинаа над 80 лица.
За премиерата во "Синеплекс", киното организира "Женска вечер" со изненадувања и со подароци.


Текстот е прочитан 1212 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter