Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

21.10.2015, 14:50

АВИОНi

"ЕРБАС" ЌЕ ГИ ПРАВИ ЈАВЕ СОНИШТАТА ЗА АВИОН СО РАКЕТЕН МОТОР

Од Њујорк до Лондон за еден час

САД (Фокс њуз) - Соништата за екстрабрз авиотранспорт се на чекор до остварување. "Ербас" поднесе барање за патент за авион со "ракетен мотор" што ќе има капацитет за пренос на патници од Њујорк до Лондон за 60 минути.

Стандардните авиони го поминуваат овој пат преку Атлантскиот Океан за околу осум часа.
Суперсоничниот авион "конкорд 2" ќе користи комбинација од три одделни мотори, турбоџет, рамџет и "ракетен мотор" што ќе го пропелира низ воздухот, стои во барањето за патентот.
Авионот ќе има капацитет од 19 луѓе и систем аеродинамичен дизајн што ќе овозможи да биде многу потивок од повеќето авиони.
Владата на САД во јули го одобри патентираниот дизајн на "Ербас" што ќе лета со брзина до 4,5 пати поголема од брзината на звукот.
Тоа значи дека ќе биде три пати побрз од оригиналниот "конкорд" што беше пензиониран во 2003 година, објави "Индепендент".
Авионот ќе полетува од стандардна писта со помош на турбоџет моторите што ќе го кренат вертикално како ракета.



Ќе се израмни и ќе полета на височина од 30.480 метри, што е повисоко отколку за конвенционалните авиони.
Едно од ограничувањата на "конкорд" беше неговата буџава и не можеше да ја пробие звучната бариера сè додека не стигнеше над океанот, далеку од населени места, нагласи "Индепендент".
Во барањето за патентот стои дека "Ербас" планира да го користи "конкорд 2" пред сè за воена намена.
Не е познато дали проектот ќе добие зелено светло и дали комерцијалните авиони ќе добијат пристап до овој дизајн.
Меѓутоа ако тргне работата, бидете сигурни дека нема да може секој да си го дозволи.
"Во случај да биде применет на цивилни авиони, таргет пазарот ќе бидат исклучиво бизнис и ВИП патници кои сакаат да патуваат преку Атлантикот и назад за еден ден", стои во барањето на "Ербас".
Во меѓувреме, група авиоентузијасти, поранешни пилоти, извршни директори на авиокомпании и инженери прават посебен обид да го оживеат оригиналниот "конкорд".
Минатиот месец групата рече дека е подготвена да потроши 250 милиони долари за реновирање на оригиналниот авион "конкорд" и да го стават во функција до 2019 година.


Текстот е прочитан 6114 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter