Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

08.02.2017, 10:06

СРПСКАТА ФОЛК-ПЕЈАЧКА ГНЕВНА НА ХОЛАНДСКИОТ ФУДБАЛЕР

Карлеуша го опцу Ван Перси и го проколна да си ја скрши ногата

За време на осминафиналниот меч од Купот на Турција помеѓу Фенербахче и Бешикташ, холандскиот фудбалер Робин ван Перси го испровоцира српскиот репрезентативец Душко Тошиќ при еден нивни дуел.

Тошиќ доби црвен картон, кој го збесна и сакаше да се пресмета со Ван Перси. Од провокацијата на бившата ѕвезда на Манчестер јунајтед, сега на Фенербахче, не беше задоволна ниту сопругата на Тошиќ, српската турбо фолк-ѕвезда Јелена Карлеуша, која на социјалните мрежи упати остри навреди кон него.

"Робин ван Перси е глуп д...ч. Скрши нога, г...о", беше остра Карлеуша, која го избришала постот од Твитер откако ја замолил Душко Тошиќ.

- Душко ме замоли да го избришам твитот за Ван Перси. Што да ви кажам, не сакам валкани играчи. Бакнежи за сите навивачи на Бешикташ - напиша Карлеуша, која веднаш по овој твит, кога малку се смирија страстите, објави селфи под кое напиша: "Премногу сум убава за да се нервирам".

Овој скандал во турското првенство направи ѕвезда од Јелена во британските медиуми "Дејли мејл", "Телеграф", "Сан" и "Мирор".

Инаку, Ван Перси беше стрелец на единствениот гол со кој Фенербахче стигна до победа во големото турско дерби.


Текстот е прочитан 3564 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter