Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

26.01.2017, 13:13

НА 20 ФЕВРУАРИ ВО СКОПЈЕ

"Златна бубамара" ќе слави 20 години

Познатото шоу "Златна бубамара на популарноста" годинава ќе прослави 20 години. Јубилејното 20. издание на "Бубамара" ќе се одржи на 20 февруари, во "Метрополис арената" во Скопје.

Организаторот, радиото "Бубамара", вели дека ќе биде специјално издание на манифестацијата што на хумористично-сатиричен музички начин ја раскажува изминатата година, придружено со аплаузи и со овации за наградените.
"Специјалниот штаб за добра забава, предводен од јавниот обединител Ранко Петровиќ, гордо најавува неповторливо шоу во кое публиката првпат ќе види нешто што досега не е видено во музичко-забавниот свет. Ако се прашувате што е тоа, мотото на манифестацијата е 'Што ќе биде, нека биде!'", велат од радиото "Бубамара".



Тие додаваат дека во изминативе 19 години секое издание на "Златна бубамара" се раскажува и се прераскажува со години и со децении, дека тоа по многу работи е единствен и уникатен музички културен настан што успеа да изгради традиција на успешна манифестација, која гледачите со радост ја очекуваат.


Текстот е прочитан 1718 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter