Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

24.08.2016, 13:01

Техно мода

Фејсбук нуди контроверзна апликација само за тинејџери

САД (Би-Би-Си) - "Фејсбук" лансираше нова апликација за социјална мрежа наменета за тинејџери средношколци.

Корисниците на апликацијата "Лајфстејџ" што моментално е достапна само на уреди на "Епл" во САД, може да прикачуваат фотографии и видеа базирани на нивните чувства, работи што им се допаѓаат и што не им се допаѓаат.
Потоа прикачените содржини се трансформираат во видеопрофили.
Сите објави се јавни и нема опции за ограничување на пристапот до нив.
Идејата е да се поврзат корисниците од исти училишта, вели креаторот на апликацијата.
Експерт за "Би-Би-Си" рече дека главна загриженост е тоа што нема нагодување на нивото на приватност.
Корисниците од едно училиште можат да си ги прегледуваат профилите откако училиштето ќе добие најмалку 20 регистрирани членови.
Корисниците над 21 година смеат да ги гледаат само нивните профили, објави веб-страницата "Тех кранч".
Меѓутоа, апликацијата не гарантира дека сите корисници се вистински.
"Не можеме да потврдиме дали некој кој тврди дека учи во конкретно училиште навистина е ученик таму. Сите видеа што ќе ги објавите на својот профил потоа се потполно јавна содржина", вели тимот зад апликацијата.
"Лајфстејџ" нема опција за праќање пораки меѓу корисниците, но тие имаат опција да споделуваат информации од други апликации како Инстаграм и Снепчет.
Апликацијата моментално има рејтинг од 2,5 ѕвезди во онлајн продавницата на "Ајтјунс" и во коментарите на корисниците се вели дека е "малку манијачка" и "збунувачка".
Според веб-страницата за статистички податоци "Статиста" само околу 8 отсто од корисниците на Фејсбук во САД се на возраст од 13-19 години.
Апликацијата е дело на Мајкл Сејман, продукт менаџер во "Фејсбук" кој има 19 години.
Во пост објавен на неговиот профил на Фејсбук, тој вели дека апликацијата е базирана на оригиналната замисла за популарната социјална мрежа.
"Во 2004 година Фејсбук се ориентираше околу тоа 'кој сум?'. Можев да објавам дали сум во врска, да ја споделам мојата омилена музика, да се изразам себе си", вели тој.
"Денес Фејсбук прерасна во нешто многу поголемо, а ние видовме прилика да го истражиме повторно тој концепт на 'кој сум?', но за генерацијата зед во 2016 година."
Доктор Берни Хоган од Институтот за Интернет при "Оксфорд" за "Би-Би-Си" рече дека една причина зошто апликацијата би станала непопуларна е тоа што нема опција за ограничување на приватноста.
"Тоа што нивото на приватност кај оваа апликација е толку ниско е индикативно за идеологијата на Фејсбук, а тоа е да остане што е можно поотворена и поповрзана", вели тој.
"Од нивна гледна точка тоа е супер идеја, но понекогаш преголемата отвореност може да го попречи поврзувањето. Тие веќе го знаат тоа бидејќи луѓето се сè поневолни да споделуваат содржини онлајн ако мора да ги споделат со сите корисници. Се чини дека повторно се обидуваат да ги поместат границите на она што ние сметаме дека е соодветно за споделување јавно онлајн, а потоа да се повлечат ако има остри реакции и критики."


Текстот е прочитан 1369 пати.
#
Arena Sport каналите вклучени во новите Интернет и ТВ пакети од Телеком
Новите Samsung Galaxy A3 и A5 паметни телефони достапни во Македонија
Ретро тастатура за носталгичари
Хакирање на Фејсбук што ниедна лозинка нема да го спречи
Филипс го произведе најголемиот закривен монитор
„Нокиа“ се враќа на пазарот на смартфони
Магичен часовник од Македонски телеком: Повеќе време со семејството во текот на празниците
Ватсап подготвува можност за бришење на испратени пораки
Ловот заврши: Покемоните умираат
„Гугл“ конечно го менува Адоуб Флеш Плеер во Хром

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter