Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

11.01.2017, 11:10

Почина новинарката која прва ја објави веста за почетокот на Втората светска војна

ХОНГ КОНГ (Вашингтон пост) - Британската новинарка Клер Холингворт, позната како прва воена новинарка која ја објави веста за почетокот на Втората светска војна, почина на 105-годишна возраст.

Холингворт почина во вторник вечерта во Хонг Конг, а нејзината смрт ја потврди Клубот на странски дописници од Хонг Конг.

Британската новинарка ја помина кариерата известувајќи во британските весници за најголемите светски судири. Како почетнчичка во 1939 година Дејли Телеграф ја испраќа во Полска да известува за ситуацијата во тој дел од Европа.

Во една прилика позајмила дипломатско возило и отишла до териториите под контрола на Германците, каде видела тенкови, оклопни возила и артилерија.

Кога нацистите ја започнале инвазијата врз Полска неколку денови подоцна, Холингворт му се јавила на британскиот амбасадор во Варшава и весникот за кој работела за да ги извести дека војната почнала.

Таа сведочи дека морала да ја држи слушалката низ прозорецот за да ги дофати звуците на германските сили и да го увери амбасадорот дека ја зборува вистината.

Таа известувала и за судирите во Палестина, Алжир, Иран, Египет, Пакистан, Кина, Јемен и Виетнам. Била првата личност која разговарала со иранскиот шах и известувала од Пекинг пред крајот на владеењето на Мао Це Тунг.

Холингворт последните четири децении живееше во Хонг Конг, откако во 1970-тите години на минатиот век работеше во Пекинг.

Спасила 3.500 Евреи од нацистите

"Во месеците кои им претходеле на вработувањето во "Телеграф" во јуни 1939. година Холингворт го добила прекарот "Скарлет Пимпернел", бидејќи им помогнала на околу 3.500 Евреи да побегнат од нацистите, организирајќи нивна евакуација од Катовице во Велика Британија", напишал Клубот на странски дописници во Хонг Конг на нејзиниот 105. роденден, повикувајќи се на серија историски романи.


Текстот е прочитан 821 пати.
#
Полицајците во Дубаи возат најбрзи коли на светот
Во Австралија пронајден најголемиот отпечаток од диносаурус
Мајка и ќерка загинале во различни сообраќајки во рок од 30 минути
Ујгурите ги измачија научниците со Пор Бажин
Цело богатство за една вечер на островот "Срце"
Топ 5 најморничави места на светот
34.000 долари за пудинг
На Рубик му требал цел месец за да ја намести Рубиковата коцка
Брегзит, Френзит, Грекзит... А Трекзит?
Индиец не може да си најде работа оти се вика Садам Хусеин

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter