Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

09.12.2015, 14:19

РЕНОМИРАНАТА "ДЕЈЛИ МИЛ" ГИ ИЗБРА НАЈДОБРИТЕ АЕРОДРОМСКИ РЕСТОРАНИ

Чекирање за гастрономско уживање

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА (Дејли мејл) - За некои патници возбудата околу патувањето започнува во моментот кога ги поминуваат контролите за безбедност и се соочуваат со големиот избор од егзотични кулинарски опции кои можат да ги избираат на терминалот.

Бидејќи храната во авионите често е разочарувачка, не е ни чудно што патниците се впуштаат во гозба пред летот во познатите локали поддржани од славни личности, трендовски поп-ап тезги и брендирани ресторани кои ги посетуваат голем број луѓе.
Без оглед на тоа дали сакате суши, ребра или убаво искуство со јадењето додека сте во зона на транзит, најголем дел од поголемите меѓународни центри ја нудат најдобрата светска кујна.
Експертите за храна им доделија високи оценки аеродромите "Шарл де Гол", меѓународниот аеродром "Нарита" и аеродромот "Хитроу" поради нивните популарни гастрономски опции.
На листата што ја состави веб страницата за храна "Дејли мил" истакнати се најдобрите 35 аеродромски ресторани.
Веб страницата ги зеде предвид мислењата на готвачите и критичарите за храна, како и неколку телевизиски канали за да ја скрати листата од 100 најдобри ресторани на само 35.
Ресторанот "Горџас кичан" на аеродромот "Хитроу" се најде на првото место, а потоа следуваат "Лигал си фуд" на меѓународниот аеродром "Логан" во Бостон, а "Суши кјотатсу" на меѓународниот аеродром "Нарита" е на третото место.
Оние кои патуваат во Велика Британија можат да уживаат во храната на "Џејмис италиан" на аеродромот "Гетвик", "Жираф" на аеродромите во Бирмингам, "Гетвик" и "Хитроу" исто така е рангиран на високо место.
Кога имате доволно време, важно е да го направите вистинскиот избор на храна, да го прочитате целиот список со локали за јадење кои се таму за да го зачинат вашето патување.

Најдобрите 10 аеродромски ресторани во светот

Листата е долга цели 35 имиња, а во првите 10 се:

1. "Горџас кичан" на аеродромот "Хитроу" во Лондон
2. "Лигал си фуд" на меѓународниот аеродром "Логан" во Бостон
3. "Суши кјотатсу" на меѓународниот аеродром "Нарита" во Токио
4. "Брасери ФЛО" на аеродромот "Шарл де Гол" во Париз
5. "Глоуб" на меѓународниот аеродром во Ванкувер
6. "Уан флу саут" на меѓународниот аеродром "Хартсфилд-Џексон"
7. "Алтитјуд" на аеродромот во Женева, Швајцарија
8. "Тортас фронтера" на меѓународниот аеродром "О'Хара" во Чикаго
9. "Коркис рибс & барбикју" на меѓународниот аеродром во Мемфис
10. "Порта гаиг" на аеродромот "Ел-Прат" во Барселона








Текстот е прочитан 1697 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter