Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

23.02.2017, 10:07

НОЌ НА ОСКАРИТЕ

Најважната модна писта во светот

САД - Големи филмови. Големи ѕвезди. Висока мода.

Кога ѕвездите ќе продефилираат на црвениот килим на доделувањето на оскарите, тоа не само што ќе биде најголемата ноќ во Холивуд туку и најголемата ноќ за славните дизајнери. Долгата парада на жени во гламурозни тоалети и со скап накит, која почнува во јануари со доделувањето на наградите Избор на критичарите, Златните глобуси и на оние од Здружението на актери, конечно, завршува со Оскарите. Најдоброто, како што велат експертите, се чува за крај.
"Оскарите се најголемата модна ревија на планетава", изјави дизајнерот Марк Бауер.
За разлика од затворените ревии, Оскарите се прикажуваат во живо низ целиот свет и имаат милионска публика. Фотографии и видеоснимки од славни личности ги преплавуваат весниците, списанијата и Интернетот.



"Доколку носите светли бои, ќе изгледате убаво на фотографиите", изјави дизајнерот Дејвид Мејстер. "Оваа година, актерките треба да покажат малку сексапил, да покажат малку кожа: деколте или гол грб", смета тој.
Според модниот дизајнер Ален Б. Швац, фустанот може дополнително да истакне некоја ѕвезда, меѓутоа ѕзведата не може да го направи фустанот поубав.
"Грдиот фустан ќе стои грдо на кој било", додаде тој.
Гвинет Палтроу ја научи лекцијата во 2002 година со претерано проѕирниот црн фустан на Александер Меквин. Од друга страна, пак, Кејт Бланшет секогаш ќе биде запаметена по фустанот на Жан Пол Готје чиј грб беше извезен со цветови и со колибри, во 1999 година.


Текстот е прочитан 1137 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter