Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

13.01.2017, 13:02

МОДНАТА ИНДУСТРИЈА ПОДЕЛЕНА ЗА ИЗГЛЕДОТ НА ИДНАТА ПРВА ДАМА НА САД

Што ќе облече Меланија Трамп за инугурацискиот бал

Иако некои американски дизајнери, како Том Форд и Марк Џејкобс, децидно се изјаснија дека нема да ја облекуваат Трамп, Каролина Херера и Томи Хилфигер изјавија дека секој дизајнер би бил горд да може да дизајнира за неа. Ана Винтур, главната уредничка на американскиот "Вог" и уметничка директорка на "Конде Наст", го покани избраниот претседател Трамп на средба со извршните директори на "Конде Наст", но не се знае за што се дискутирало на средбата. Можеби Винтур ја искористила средбата за да го обнови пријателството на "Вог" со идната прва дама

САД - Доналд Трамп пушти модна бомба во јавноста, во интервјуто по доделувањето на Златните глобуси. Како одговор на достоинствените забелешки на Мерил Стрип за неговиот непопустлив напад на пристојноста, избраниот претседател рече дека не е изненаден од коментарите на Стрип бидејќи таа е обожавателка на Хилари, но оти тој нема проблем со тоа бидејќи е толку популарен и толку многу луѓе сакаат да присуствуваат на неговата инаугурација, што веќе нема останато фустани во бутиците во Вашингтон.
"Ќе има неверојатен, можеби рекорден број гости за инаугурацијата идната недела, и ќе има многу ѕвезди од шоу-бизнисот и од филмската индустрија", рече Трамп за "Њујорк тајмс".
"Распродадени се сите фустани во Вашингтон. Не може да се најде фантастичен фустан за на инаугурацијата".
Дали е возможно? Дали жителите на Вашингтон се толку возбудени да го пречекаат режимот на Трамп, што ги пратиле сите жени (сите од нив "десетки", без сомнение) да купуваат фустани? И дали Иванка заборавила да го извести татко $ дека постои онлајн шопинг?
Како повеќето изјави и тврдења на Трамп, и оваа требаше да се провери дали е точна. Задачата не беше лесна бидејќи никој не оди на шопинг во Вашингтон. Овој град беше релативно заобиколен од модата, барем до доаѓањето на Мишел Обама. Не дека луѓето што живеат во Вашингтон не се заинтересирани за мода, што е познат стереотип, туку секој што е барем малку возбуден на темата мода, се качува во авион, и за три часа е на шопинг во Њујорк.
Редакцијата на "Асошиетед прес" се јави во одделението за специјални пригоди на "Ниман Маркус", и праша дали имаат свечени фустани. Одговорот беше да. Истиот одговор следеше и од "Нордстром" и од "Каролина Херера". Значи, жени, не паничете, има фустани во Вашингтон.



Има една жена која сигурно има помалку проблеми со наоѓањето соодветна облека за на инаугурацијата - идната прва дама Меланија Трамп. Иако некои американски дизајнери, како Том Форд и Марк Џејкобс, децидно се изјаснија дека нема да ја облекуваат Трамп, други $ ги понудија своите услуги на жената што би можела да ги стави нивните дизајни во очите на светската јавност. Каролина Херера рече дека ќе $ биде чест да дизајнира за првата дама. Дијана фон Фирстенберг кажа дека одговорност на модната индустрија е да ги промовира убавината, инклузивноста и разновидноста. Томи Хилфигер, кој не е познат како дизајнер на свечени тоалети, рече дека секој дизајнер би бил горд да може да дизајнира за неа. Италијанскиот маестро Стефано Габана сигурно е заинтересиран, тој лично на Инстаграм $ се заблагодари на госпоѓа Трамп што носела мал црн фустан на "Долче&Габана" на новогодишната прослава во Мар-а-Ларго. Некои сметаат дека ова беше најава оти италијанското дизајнерско дуо ќе биде задолжено за изгледот на идната прва дама за на инаугурацијата, што би било контроверзно, бидејќи ниту една прва дама досега не избрала странски дизајнер за ваков клучен настан.
А што е со Ралф Лорен, живата дизајнерска легенда што го дефинираше американскиот стил повеќе од една деценија? Е па Меланија веќе носеше негова креација, ама ја купи како и секој друг клиент, и немаше личен фитинг како ривалката на нејзиниот сопруг на претседателските избори.
Можеби госпоѓа Трамп ќе добие поддршка од еден неочекуван сојузник. Ана Винтур, главната уредничка на американскиот "Вог" и уметничка директорка на "Конде Наст", го покани избраниот претседател Трамп на средба со извршните директори на "Конде Наст", но не се знае за што се дискутирало на средбата. Можеби Винтур ја искористила средбата за да го обнови пријателството на "Вог" со идната прва дама.
Сепак, госпоѓа Трамп имаше глобално деби со појавувањето на насловната страница на февруарското издание на "Вог" во 2005 година. Заедно со уредникот Андре Леон Тали, кој играше улога на нејзин ментор, Меланија Трамп присуствуваше на сите ревии на висока мода, во потрага по идеалната венчаница и позираше за насловната во креација на "Кристијан Диор", вредна 100 000 долари.
Едно е сигурно: Меланија ќе сака да ја искористи инаугурацијата за да остави впечаток - не само што стајлингот на првата дама во оваа пригода го поставува тонот за целиот мандат туку и обично поставува тренд. Розовиот фустан на Мами Ајзенхауер во 1953 година се смета за причината зошто оваа нежна пастелна нијанса стана доминантна во '50-тите. Џеки Кенеди избра свечен тоалета со бела наметка, со која се издвои од толпата гости, а Бирд Џонсон носеше свежа жолта нијанса на инаугурацијата на нејзиниот сопруг во 1965 година.


Текстот е прочитан 3642 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter