Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

27.12.2016, 13:02

Непобедливата Преспа – предизвик за сите во Јуниор лигата

Тие се предизвик за сите момчиња во генерацијата 2002/2003 во Вардар Јуниор лигата.

Момчињата од Преспа Вардар, полусезоната од лигата ја завршија со максимален учинок и веќе се подготвуваат за натпреварите од зимскиот турнир „Еден живот, една љубов". Смоуверени се дека ќе покажат одлична игра, но и оправдано веруваат во себе зашто оваа екипа втора година по ред слави после секој натпревар. Минатата сезона беа шампиони на лигата во старосната категорија 2002/2003, а и годинава повторно атакуваат за титулата.



Мартин, Били и Михајло се дел од екипата Преспа Вардар и со нив разговараме за амбициите на тимот, она што ги прави најдобри, како и за нивните новогодишни желби. Тројцата имаат исти желби – преку Вардар Јуниор лигата да бидат препознаени како таленти кои ракометните вештини ќе продолжат да ги развиваат во младинските екипи на Вардар.

Mартин Табаковски (14) лани беше награден како најдобар стрелец во лигата во генерацијата 2002/2003. Ракомет тренира од 10 годишна возраст. Лани во лигата постиган 162 гола, а годинава во првите шест натпревари има 57 гола и се надева да го стигне ланскиот натпревар.

    „Нашиот резултат се должи на напорните тренинзи. Тренираме три пати неделно, но имаме по неколку натпревари, односно, екипата што играме во Јуниор лигата се натпреваруваме и во пионерската лига на РФМ, а со Били и Михајло се натпреваруваме и во кадетската лига на РФМ заедно со постарите момчиња од нашиот клуб. Тренинзите се резервирани за само за овие екипи, и покрај кондиционен дел, учиме и акции, ги развиваме ракометните вештини. Нашиот тренер Иван Ангеловски одвојува многу време за нас, но и бара многу од нас и ние тоа го постигнуваме", вели Мартин.



За него предизвик во Вардар Јуниор лигата е екипата на Кале Вардар.

    „На последниот натпревар ги победивме, но со нив игравме и во ланското финале и тоа беше тежок натпревар, зашто се многу добра екипа и тие ни се посакуван противник ако стигнеме и на овогодинешното финале. Во оваа сезона најтешки натпревари ни беа со Кале Вардар и со Шампион Вардар", вели Мартин.

Екипата на Преспа во вторава сезона на Вардар Јуниор лигата играше натпревари во Скопје и во Велес, но Мартин вели дека не прави голема разлика каде игра зашто е битно да се победи, а и да се дружи. Со левото крило Михајло Костовски, Мартин најчесто ги одигрува акциите. Михајло има 14 години, а ракомет активно тренира 3 години, иако првпат со ракометот се запознал на 6 годишна возраст.

    „Поради другарите се префрлив на фудбал, ама повторно му се вратив на ракометот затоа што повеќе го сакам. Првпат почнав да го учам на 6 години, заедно со скијањето. Но денеска ракометот за мене е животна цел, а скијам рекреативно. За нашата екипа ова е втора година во лигата, и добрите резултати се должат на нашата тимска игра и на тренерот пред с?, кој многу работи со нас. Мислам дека е предност да се игра во лигата, зашто ја гледам како можност побрзо да стигнеме до селекциите на Вардар", вели Михајло.



За тоа дали им е напорно што покрај нашата лига се натпреваруваат и во двете младински лиги на РФМ, Михајло вели:

    „Не ни е напорно да играме повеќе натпревари неделно, зашто стекнуваме искуство кое ни е потребно да ја подобриме играта. Одлично сме воиграни и, иако интересни за натпревар ни се Кале Вардар, Делчево Вардар и Шампион Вардар, мислам дека немаат големи можности да н? победат с? додека ние сме мотивирани како досега и го задржиме ова темпо на игра. Меѓусебно играчите се мотивираме, но најзаслужен е нашиот тренер, кој ни ја дава потребната поддршката. На пример, најинтересен меч ми беше со Делчево Вардар. Цело време се играше гол за гол, сите бевме во паника и имаше многу грешки од двете страни, но успеавме до крајот да ја вратиме концентрацијата и да победиме", вели Михајло.

Според него заедно со Мартин и со Били се „трио фантастико" кога станува збор за изведување на акции. Били е една година помал од нив, но тоа не го спречува да се натпреварува со кадетите. Ракомет игра 4 години.

    „И јас во јуниор лигата се вклучив со нејзиното формирање, но годинава ми е поинтересно зашто има повеќе екипи и повеќе натпревари. Сега веќе се знаеме со многу деца од другите екипи и повеќе се дружиме, но и поинтересно ни е кога се натпреваруваме. Во мојата екипа сите сме како браќа и многу сложни во играта, а тренерот Иван го почитуваме како татко зашто тој најмногу не мотивира", вели Били.



Неговата екипа веќе се подготвува и за зимскиот турнир, на кој ќе играат веќе трета година по ред.

    „Пауза од тренинзи ќе направиме за божикните празници, а потоа се враќаме на тренинг. Може да се рече дека од 12 месеци во годината, речиси 11 ги поминуваме во тренинг и затоа сме одлични. Имам доверба во сите мои соиграчи. На позиција на десен бек од лева страна ми е центарот Давид Арсовски и многу ми помага во акциите, како и Михајло и Мартин. Одлични блокови прави и пикерот. Имаме доволно искуство со турнири. Интересно ни е дека ќе преспиеме во хотел во Скопје, каде се одржува и ќе се дружиме со други деца", вели Били.

За него предизвик е Шампион Вардар зашто голманот Димитар Павловски е од Ресен и минатата година заедно играа. Димитар годинава брани за две екипи – Шампион Вардар и за Илинден Вардар.

    „Димитар с? уште го чувствуваме како наш играч. Многу се сакаме и беше интересно да му даваме голови на нашиот голман. Кога игравме со Илинден Вардар му дадов еден гол, но интересно ни беше и многу се шегувавме за натпреварот потоа кога ги гледавме сликите. Мислам дека нема шанси некоја екипа да н? победи. Лани во сите натпревари имавме само еден пораз и тоа од Вардар пионерите на зимскиот турнир", вели Били.


Текстот е прочитан 874 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Граѓаните бараат избори за излез од кризата - 57-ми ден протести на „За заедничка Македонија“ (Фотогалерија)
Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска по 57-ми пат од пр...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter