Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.02.2017, 12:29

ИЛИНА СОКОЛОВСКА ГИ ПОБЕДИ ГЕРМАНКИТЕ И СТАНА ДРЖАВЕН ПРВАК ВО РИТМИЧКА ГИМНАСТИКА

Ја освои Германија, на ред е светот

Македонката Илина Соколовска (10), која со семејството живее во германскиот град Билсеф, победи на републичкиот натпревар наречен ГАУ или Гаумајсташафт, во ритмичка гимнастика, а со тоа се пласира на државниот натпревар на Вествалија, Германија.

Илина ги зачуди и воодушеви сите, и публиката и жирито, со убедливото водство над сите 14 кандидатки. Германските медиуми, кои ја нарекуваат чудо од дете, ја фалат со нејзините 7,5 поени разлика од второпласираната кандидатка. Со овие победи таа ја освои Германија, а со првиот интернационален натпревар, кој ќе се одржи во јуни, и се отвораат вратите на светот.
"Во овие спортови вообичаено разликата меѓу победникот и второпласираниот е за еден или еден и пол поен, но оваа разлика од дури 7,5 поени позитивно ги шокира сите. Илина се надмина себеси. Второто и третото место го освоија Германки, но тоа не е проблем Германците да ја слават Илина како нивна победничка иако е со македонски пасош.
Сега на 14 март ја очекува државното и од таму заминува на интернационални натпревари. Таа едвај чека затоа што освои сè што можеше да се освои на ниво на Германија. Сега ја очекуваат интернационални натпревари во Франција и во Холандија. Наскоро во Берлин ќе се одржи состанок, на кој е повикана и Илина. Таму ги избираат најдобрите од осум до 25 години и одлучуваат кого на кој интернационален натпревар да го пратат", вели Горан Соколовски, татко на десетгодишната Илина, која од преклани заради талентот се натпреварува со повозрасни кандидати од неа.
Ова не е прва победа за Илина. Таа во 2015 година го освои првото место и од тука тргнаа сите нејзини награди што досега ги има освоено и на републичко и на државно првенство. Илина досега била државен првак на Германија и два пати имала сребро.


Текстот е прочитан 2683 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
ФОТО - „За заедничка Македонија“ до ВМРО-ДПМНЕ: Не смеете да дозволите избор на претседател на Собрание кој нема да ја отфрли Тиранската платформа
Денес сме 29-ти ден откако излеговме на улица. Да им повториме на пратениц...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Компири во сол
Приготвување: компирите истријте ги со остра четкичка, измијте ги добро и ...
Site Meter