Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

02.12.2015, 15:39

ИСТРАЖУВАЊЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

Аутистичните деца се дискриминирани во училиштата

Децата со аутизам се соочуваат со неприфаќање, изолираност и дискриминација од нивните соученици, од родителите на децата, но и од наставниот кадар во школите. Истражувањето на народниот правобранител спроведено во основните училишта во учебната 2014/2015 година покажува дека училиштата не се подготвени за инклузивно образование.

"Училиштата не се кадровски, просторно, ниту материјално опремени со потребните наставни средства/помошни материјали. Од друга страна, наставниот кадар не е доволно (во некои училишта воопшто не е) обучен за работа со деца со аутистичен спектар на нарушување. Мал број на училишта имаат дефектолог. Во најголемиот број од основните училишта дефектологот е мобилен (општински) и покрива неколку основни училишта, притоа или работи генерално со сите деца со посебни потреби. Во дел од основните училишта родителите на овие деца на сопствен трошок обезбедуваат дефектолог, а има случаи кога и самите родители ги придружуваат децата за време на часовите", вели народниот правобранител Иџет Мемети.

Народниот правобранител бара да се спроведуваат континуирани обуки за наставниот кадар во основните училишта за работа со деца со аутистичен спектар на нарушување и да се вработат дефектолози и специјални едукатори/асистенти кои ќе работат со овие деца.

(Р.Ф.)


Текстот е прочитан 4095 пати.
#
ЕУРОСТАНДАРД БАНКА СО ПОДДРШКА ЗА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ, АДХД И АСПЕРГЕРОВ СИНДРОМ „ВО МОЈОТ СВЕТ“
„Слико Збор“, Андроид апликација за децата со аутизам
Повик за донација за обнова на објектот за децата со посебни потреби доделен на Здружението на родители на деца со аутизам „Марко Поло - Експлорер“ од Битола
Нашиот Марко ни го промени животот, карактерот...
Аутизмот го менува семејството
Аутизмот се појавува додека плодот е во утробата на мајката
Отворено за аутизмот - Зоран Мијалков - Голгота без крај

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter