Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

10.01.2017, 14:24

По 80 години ќе се реконструира старата скопска градска болница

Со реконструкцијата на внатрешноста на старата градска болница „Свети Наум Охридски“ во која повеќе од 80 години ништо не е променето ќе се подигне стандардот на негата и услугата на болницата, истакна денеска министерот за здравство Никола Тодоров при увидот на градежните работи во болницата кои започнаа во септември минатата година.

- Имаме комплетна темелна реконструкција на внатрешноста односно на собите, ходниците, салите и интезивната нега, а ќе се изградат и тоалети во поголем дел на соби, со што ќе се подобри стандардот на нега и услугата во болницата, рече Тодоров.

Информира дека реконструкцијата ќе чини два милиони евра и е дел од големиот инвестициски циклус за реконструкција на здравствени установи во вредност од 74,6 милиони евра со кои се опфатени поголем број здравствени установи во државата. Според министерот Тодоров реконструкцијата треба да заврши оваа година.

За подобрување на услугата во болницата, Тодоров рече дека досега 28 доктори се испратени на едукација во странство, 21 се на специјализација, од кои во моментов двајца се во странство. Министерот рече дека во старата градска болница минатата година инвестирани се 50 милиони денари во опрема која е во функција, а во последните три години се воведени и 72 нови методи или процедури.

Во болницата во 2015 година имало 280 илјади пациенти, а минатата година во „Градска“ помош побарале 316 илјади пациенти.

Директорката на болницата Јасминка Чабуковска-Радуловска појасни дека во моментов во завршна фаза на реконструкција е третиот кат, а кога градежните работи ќе се префрлат на подолните спратови каде што се операциските сали, Универзитетската клиника по хируршки болести нема да работи три месеци.

- Во договор со Министерството персоналот во тие три месеци ќе биде прераспределен во други установи, рече Чабуковска-Радуловска.

Директорката информира дека во изминатите четири дена како последица од ладното време и замрзнатите улици во болницата се јавиле 127 пациенти од кои 11 се хоспитализирани.

- Пациентите најмногу имаат фрактури на подлактицата и надлактицата, фрактури на колкот, дисторзии, а има и една смрзнатина кај пациент кој го чистел снегот без ракавици. Утринава до 11 часот помош побарале 11 лица, истакна Чабуковска-Радуловска и додаде дека болницата има капацитет и ќе ги згрижи сите пациенти кои ќе побараат помош во наредните денови.


Текстот е прочитан 975 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Граѓаните бараат избори за излез од кризата - 57-ми ден протести на „За заедничка Македонија“ (Фотогалерија)
Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска по 57-ми пат од пр...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter