Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

14.10.2015, 12:58

АВИОНИ

АВСТРАЛИСКИОТ НАЦИОНАЛЕН АВИОПРЕВОЗНИК СЕ СПРЕМА ЗА НОВ РЕКОРД ВО ДОЛГИ ЛЕТОВИ

"Квантас" од Перт до Лондон без слетување

АВСТРАЛИЈА (Дејли мејл) - Авиокомпанијата "Квантас" планира во рок од две години да воведе редовна линија меѓу Австралија и Велика Британија, што ќе трае 19 часа без слетување на други аеродроми.

Алан Џојс, извршниот директор на авиокомпанијата, рече дека имаат планови до 2017 година, летот меѓу Перт и Лондон да се одвива со новиот "боинг 787-9 дримлајнер".
Џојс додаде дека авионот "боинг 787-9" има капацитет за патување од 14.000 километри, со што ќе биде најдолгиот комерцијален лет во светот, според списанието "Ер транспорт ворлд".
"Со ова за првпат се отвора директна услуга од Австралија до Европа", рече тој.
За овој потенцијален лет ќе бидат потребни два пара пилоти, дополнителен екипаж и соодветно место за одмор за персоналот на авиолинијата.



За да се сведе овој прекуокенаски лет на 19 часа, авионите најверојатно ќе треба да летаат над Крим, што сега е зона каде е забрането летањето откако минатата година беше срушен авион на "Малезија ерлајнс".
Повратниот лет од Лондон до Перт предизвика загриженост доколку во итен случај се појави потреба од алтернативен аеродорм.
Најблискиот аеродром до Перт е тој во Аделаида, град што е оддалечен 2.000 километри.
"Квантас" веќе има нарачано осум авиони "боинг 787-9" што треба да ги заменат авионите од типот "747".
Новите авиони ќе имаат 250 седишта, а ќе има бизнис класа, премиум економска и економска класа.
"Квантас" веќе ја има најдолгата прекуокеанска линија во светот, од Сиднеј до меѓународниот аеродром "Форт Ворт" во Далас.


Текстот е прочитан 3364 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter