Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

09.12.2016, 19:55

НАЈНОВА СТУДИЈА ЗА РОДИТЕЛСТВОТО И МОДЕРНАТА ТЕХНОЛОГИЈА

По цел ден седат пред ТВ и мислат дека се добар пример за децата

САД - Родителите поминуваат повеќе од девет часа дневно пред телевизорите, компјутерите и други електронски уреди, но истовремено си даваат високи оценки како примери за своите деца кога се работи за медиумските навики, покажува новата студија.

Според резултатите од студијата, родителите исто така се "многу позитивни" кога се работи за улогата на технологијата во животите на нивните деца, но се внимателни кон ризиците кои технологијата ги носи со себе, како што е помалку спиење и претерано ширење на информации онлајн. Студијата која е објавена на примерок од 1.786 родители во Америка, покажува дека тие во просек поминуваат девет часа и 22 минути пред екраните, а голем дел од тоа време, 7 часа и 43 минути, е категоризирано како употреба на лични медиуми, додека околу 90 минути се поминуваат пред екраните на работното место.



Истражувањето го спроведоа истражувачи од непрофитабилната медија група Комон сенс и Центарот за медиуми и човечки развој на Универзитетот Нортвестерн. Две третини испитани родители, 67 отсто од нив, рекле дека гледањето во електронските уреди и контролирањето на нивните деца на социјалните мрежи е поважно отколку да им се пружи приватност, покажува истражувањето.
Директорот на групата Комон сенс медиа, Џејмс Стајер рекол дека за него било вџашувачки колку родителите ја користат технологијата и колку е голема разликата меѓу нивните навики и тоа како самите се гледаат и како ги гледаат своите деца.
- Сепак, 78 отсто од сите родители веруваат дека се добри примери за своите деца, кога станува збор за медиумите и технологијата - покажува студијата.

Технологијата е помош во образованието?

Наспроти одредено намалено користење на технологијата, речиси сите родители кои што учествувале во испитувањата за потребата на оваа научна студија, односно 94 отсто од нив, веруваат дека технологијата помага во училишната работа и образованието на децата.
"89 отсто од родителите вклучени во студијата веруваат дека современата технологија, компјутерите, Интернетот, медиумите, паметните телефони... се корисни во поглед на образувањето на нивните деца. Тие се убедени дека модерната технологија ќе ги подготви децата за нивните идни професии во 21 век", покажуваат резултатите од истражувањето.


Текстот е прочитан 778 пати.
#
34.000 долари за пудинг
На Рубик му требал цел месец за да ја намести Рубиковата коцка
Индиец не може да си најде работа оти се вика Садам Хусеин
Брегзит, Френзит, Грекзит... А Трекзит?
Конфучие во комунистички целофан
Капсула со една соба е иднината на хотелите?
На 70 години истрча 7 маратони, на 7 континенти, за 7 дена
Келиен и го зема приматот на Иванка
Нетанијаху: Не е точно дека сопругата ме избрка од службената кола
Турција протера 40 холандски крави

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
26 ден протести-нема Тиранска влада
26 ден по ред илјадници граѓани маршираат низ улиците во Скопје. Вечерва н...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter