Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

04.02.2017, 08:28

ВОДИТЕЛКАТА ОБЈАВИ ДЕКА ГО ОЧЕКУВА ВТОРОТО ДЕТЕ

Хелена Роза е бремена

Поранешната водителка Хелена Роза, која сега живее во Нов Зеланд, ќе стане мајка по втор пат. Хелена е во петтиот месец од бременоста и таа и нејзиниот сопруг Игор Георгиевски се пресреќни што ова лето ќе станат родители. Ќерката на Хелена од првиот брак, Кјара Гоља, која има 18 години, живее со нив.

"По втор пат ќе станам мајка. Сите сме пресреќни.

Нашата фамилија ќе биде поубава, побогата и посреќна за уште еден ангел", напиша Хелена на своите фејсбук и инстаграм-профил, објавувајќи слики во долна облека.
Нејзината мајка Роза Јанковска вчера отпатува за Нов Зеланд за да $ се најде во последните месеци од бременоста.

"Во Нов Зеланд живеам многу убаво. Сe уште се адаптираме и се средуваме. Сепак, тука сме само една година и неколку месеци. Но полека работите се движат во нагорна линија, и тоа е супер. Кјара е пресреќна и многу брзо се вклопи, а тоа ми е најбитно. На колеџ ги собра сите награди и достигнувања само за една година. Доби понуди за стипендии и е пресреќна, а, секако, и јас и Игор. Лани го прославивме нејзиниот 18-ти роденден и за подарок од мене и од Игор доби автомобил, нешто што во Македонија можев само да сонувам да $ го подарам. Тука се живее многу раат и релаксирано, едноставно е нестварно колку само човек се чувствува раат", ни изјави Хелена за својот живот во Нов Зеланд. (М.Џ.)


Текстот е прочитан 3605 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter