Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

08.07.2015, 12:56

АВИОНИ

НОВИ АЛТЕРНАТИВНИ БИОГОРИВА ЗА АВИОНИТЕ

Ќе летаме на кравји лепешки

САД (Њујорк тајмс) - Авион на "Јунајтед ерлајнс" летово ќе полета од Меѓународниот аеродром во Лос Анџелес кон Сан Франциско со гориво произведено од отпад од фарми, односно лепешки и масла од животински масти.

За патниците нема да има промени, моторите ќе бучат, седиштата во економската класа ќе бидат збиени, но за авиокомпаниите и индустријата за биогориво, овој лет ќе претставува долгоочекувана пресвртна точка, прв пат една домашна авиокомпанија да користи алтернативно авионско гориво за редовни патнички линии.
Со години се смета дека биогоривата се важен дел од решението за намалување на испуштањето гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина.
Авокомпаниите, со нивната концентрација околу аеродромите и користењето на ист вид гориво, се сметаат за потрошувачи што ветуваат во индустријата за биогориво што се мачи да се истакне.
Сега овој однос повторно покажува знаци на полетување.
"Јунајтед" вчера се очекуваше да најави инвестиција од 30 милиони долари во еден од најголемите производители на биогорива "Фулкрам биоенерџи", што е најголема инвестиција досега на домашна авиокомпанија во малата, но сè поразвиена област на алтернативните горива.
На пример, "Катај Пацифик" со седиште во Хонгконг лани најави помала инвестиција во "Фулкрам".
Количеството на гориво што "Јунајтед" планира да го купи од "Фулкрам" е само капка од вкупното количество што компанијата го троши на годишно ниво.
Лани флотата на "Јунајтед" потроши 3,9 милијарди галони гориво по цена од 11,6 милијарди долари.


Фото АП

Меѓутоа авиокомпаниите се под сè поголем притисок да го намалат количеството на испуштени гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина.
"Фулкрам", компанија со седиште во Калифорнија, има развиено и сертифицирано технологија што претвора ѓубре од домаќинствата во одржливо гориво за авиони што може да се меша директно со традиционалните авиогорива.
Моментално гради рафинерија на биогорива во Невада што ќе биде отворена во 2017 година и планира да низгради уште пет низ земјата.
Договорот на "Јунајтед" со "Фулкрам" е еден од многуте што авиокомпаниите ги направија во изминативе години.
"Алјаска ерлајнс" планира да користи биогорива во авионите во најмалку еден аеродром со кој управува до 2020 година.
"Саутвест ерлајнс" лани најави дека ќе купи околу 3 милиони галони авиогориво произведено од остатоци од дрво од "Ред Рок биофјулс"
Првата мешавина од овој производ ќе се појави на пазарот дури во 2016 година.
Лани "Бритиш ервејс" се здружи со "Солена фјулс" да изгради рафинерија за биогорива во близина на аеродромот "Хитроу" во Лондон што ќе биде готова во 2017 година.
Во 2013 година "Јунајтед" се согласи да купи 15 милиони галони биогорива во текот на три години од производителот "Алт ер фјулс" од Калифорнија што произведува биогорива од непрехранбени природни масла и земјоделски отпад.
"Јунајтед" очекува првите 5 милиони галони да ги добие летово на меѓународниот аеродром Лос Анџелес за авионите на линиите за Сан Франциско.
Во првите две недели четири до пет летови ќе носат мешавина од 30 отсто биогориво и 70 отсто традиционално авиогориво, а потоа биогоривото ќе се измеша во вкупната залиха на гориво, рече "Јунајтед".
Авиокомпаниите се чини немаат голем избор.
На пример, авиокомпаниите за разлика од автопроизводителите, не можат да ја изберат опцијата електрично напојување, а од нив се бара да користат еколошки одржливи горива.
Меѓутоа покрај заинтересираноста на авиокомпаниите, уште има значителни препреки за развој на биогорива во големи количества, како трошоците и одржливите извори на суровини.


Текстот е прочитан 4977 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter