Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

01.02.2017, 13:34

СЛАВНИОТ ФРАНЦУСКИ ПИЈАНИСТ ПО ВТОР ПАТ ВО СКОПЈЕ

Клајдерман ќе ја свири "Балада за Аделина" во МОБ

Познатиот француски пијанист Ричард Клајдерман ќе одржи концерт во Скопје, на 1 април, од 20.30 часот, во Македонската опера и балет.

Клајдерман стана познат во целиот свет по темата "Балада за Аделина" (Балладе поур Аделине), која во 1976 година ја компонираше Пол де Сеневил. Ова ќе биде втор концерт на пијанистот во Македонија, по 8 години. Во 2009 години настапи во "Метрополис арената" во Скопје.
Вистинско име му е Филип Паже и е роден на 28 декември 1953 година, во Париз, а првите пијано часови на многу рана возраст ги добил од татко си, кој бил професор по клавир. За Ричард се вели дека на 6-годишна возраст подобро свирел пијано отколку што го зборувал мајчиниот јазик. На 12-годишна возраст бил примен на музичкиот конзерваториум во Париз, а на 16 години ја добил првата награда како најдобар пијанист. Многу брзо по оваа награда, тој сè помалку свирел класична музика и на изненадување на своите најблиски, почнал со модерна музика.



"Сакав да направам нешто поразлично", изјавил тој. "Па со неколкумина пријатели формирав рок-група и малкуте пари што ги заработивме, ги вложивме во опрема. Всушност, во тој период толку нездраво се хранев, само со сендвичи, што на 17-годишна возраст бев опериран од чир".
Во тој период татко му сериозно се разболел и не можел да го издржува, па тој си нашол работа како пијано придружба на познати француски пејачи.
Неговиот живот се сменил во 1976 година, кога добил повик од Оливер Тоусант, познат француски продуцент, кој барал пијанист да ја сними баладата за Аделина, која ја напишал Пол де Сеневил за неговата штотуку родена ќерка. На аудицијата, Ричард победил 20-мина конкуренти и ја добил работата. Снимката за "Балада за Аделина" е продадена во 22 милиони копии низ 38 земји. Продуцентот тогаш му го сменил името во Ричард Клајдерман.
Билетите ќе се продаваат преку мрежата на купикартзасе.цом и на билетарницата на МОБ. (М.Џ.)


Текстот е прочитан 1871 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter