Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

03.01.2017, 13:36

ОТКАКО ЕКСПРЕСНО БЕШЕ НОКАУТИРАНА НА СВОЈОТ КАМ-БЕК ПО ЕДНА ГОДИНА ПАУЗА

И мајка и ја повика Ронда Роузи да се повлече

Најголемата женска ѕвезда во боречките спортови, Ронда Роузи, се врати во рингот по речиси една година пауза, за повторно да биде експресно нокаутирана.

Роузи имаше неславен кам-бек по дебаклот против Холи Холмс, откако во дуелот за титулата во бантам категоријата загуби од Бразилката Аманда Нунес, која со десната рака $ зададе нокаут по само 48 секунди борба.
- Знам колку е голема Ронда и знам дека сите ја сакаат, но никој нема да ми го одземе појасот - изјави Нунес по 14. победа во кариерата.
Многумина предвидуваат дека ова би можело да биде крај на Роузи, а меѓу оние што ја повикаа да се повлече беше и нејзината мајка.



- Можеби, сега не е момент за избрзани одлуки, но би сакала да ја видам во пензија. Тоа, всушност, го посакувам одамна. Кој сака да гледа како го удираат неговото дете? Таа има и многу други таленти. Убава е и умна, не знам зошто дозволува да ја удираат во лице - изјави Анмарија де Марс.
Самата Роузи кажа дека ќе размисли за својата иднина.
- Мојот кам-бек не излезе како што планирав и такви работи се случуваат. Ми треба малку време да размислам што понатаму.


Текстот е прочитан 1352 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter