Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

17.11.2016, 13:14

ТЕХНО МОДА

Групацијата Дојче Телеком на Светскиот конгрес за паметни градови во Шпанија

Македонски Телеком со проектот „Паметен град“ во Барселона

Групацијата Дојче Телеком ги претстави најновите паметни решенија за подобрување на урбаниот живот и развојот на градовите, на Светскиот конгрес за паметни градови, што се одржува од 15 до 17 ноември во Барселона.

Благодарение на иницијативите за паметни градови на Дојче Телеком, се подобруваат развојот и функционалноста на европските метрополи како Бон, Будимпешта, Дубровник, Букурешт, Прага и Скопје.

Градовите во денешно време се соочуваат со огромни предизвици за справување со брзиот раст и развој, што резултира и со економски и еколошки притисоци. Неодамна Дојче Телеком стана и првиот телекомуникациски провајдер кој воведе иновативни решенија за паметни градови врз основа на новата технологија за теснопојасен интернет на нештата.

Дел од заслугата за успехот на овие иницијативи му припаѓа и на Македонски Телеком, кој ќе учествувува на Smart City Expo со проектот „Паметен град“, за имплементација на современ интегриран систем за автоматска локација на возилата и електронска наплата во јавниот градски превоз во Скопје. Проектот е добитник и на престижното признание од Светската алијанса за информациони технологии и услуги (WITSA) во категоријата „Решение за оддржлив раст“, во Бразил, оваа година.

„Нашата цел е паметната технологија да ја ставиме во функција на модерниот град, преку паметни решенија да придонесеме до подобрување на квалитетот на животот, безбедноста на граѓаните и поддршка на економскиот развој. Системот за автоматска локација и електронска наплата за кој ја добивме престижната награда од Светската алијанса за информациони технологии и услуги (WITSA) е само почеток. Веќе работиме на решенија со кои ќе овозможиме Скопје да стане паметен град, по примерот на светските метрополи“ – изјави Андреас Маиерхофер, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

На Светскиот конгрес за паметни градови, ќе биде инсталирана целосна поставка за презентација на најновите паметни решенија на Групацијата, од паметно паркирање и улично осветлување, паметна безбедност, до полнење на електрични возила и паметно управување со отпадот.

Покрај нови паметни решенија, на манифестацијата се очекуваат интересни дискусии и гости-говорници кои ќе ја претстават визијата на Дојче Телеком за развојот и идината на паметните градови.


Текстот е прочитан 770 пати.
#
Arena Sport каналите вклучени во новите Интернет и ТВ пакети од Телеком
Новите Samsung Galaxy A3 и A5 паметни телефони достапни во Македонија
Ретро тастатура за носталгичари
Хакирање на Фејсбук што ниедна лозинка нема да го спречи
Филипс го произведе најголемиот закривен монитор
„Нокиа“ се враќа на пазарот на смартфони
Магичен часовник од Македонски телеком: Повеќе време со семејството во текот на празниците
Ватсап подготвува можност за бришење на испратени пораки
Ловот заврши: Покемоните умираат
„Гугл“ конечно го менува Адоуб Флеш Плеер во Хром

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter