Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

09.01.2017, 14:25

БРИТАНСКИОТ АКТЕР ГЛУМИ ВО СЕРИЈА ШТО ЈА НАПИША ТАТКО МУ

Том Харди доби ТВ-лик од соништата

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА (Телеграф) - Многу актери требало да чекаат долго време за да ја добијат улогата од соништата, работеле и во театар и на филм, пред да стигне до нив идеалното сценарио. Том Харди не е еден од тие актери.

Британскиот актер, кој стана холивудски миленик по улогите во низа блокбастери, ќе го игра најдобриот лик на ТВ, откако татко му го напиша за него.
Харди, чиј татко Едвард Харди работел како сценарист на комедии, претходно имаше изјавено дека се надева оти ќе игра некаков амалгам од сите класични ликови во еден, во кој ќе бидат споени клучните карактеристики на Бил Сајкс, Шерлок Холмс, Ханибал Лектор и на Хитклиф.
Крајниот производ серијата "Табу" ќе се емитува на "Би-Би-Си" годинава.
"Прекрасно беше да соработуваме како татко и син, имаме толку многу афинитети", рече постариот Харди.
Серијата ќе се емитува во сабота навечер, што е невообичаено за драма на "Би-Би-Си". Ја следи мрачната приказна за "Ист Индија компани", шверцот на дијаманти и за авантуристот решен да се одмазди за смртта на татка си.
Главниот лик Харди го опишува како човек со променливо расположение, тетоважи и експлозивен карактер.



На прашањето што го инспирирало да ја напише приказната, Харди одговори: "Том дојде еден ден со идеја за комплексен лик кој би сакал да го игра. Двајцата сакавме да работиме заедно на ТВ-драма, па јас изградив контекст и теми околу идејата за неговиот лик. Наскоро беше јасно деа серијата треба да се вика 'Табу'.
Ридли Скот, холивудскиот режисер кој работеше на серијата као извршен продуцент, рече дека ја замислил програмата по посетата на Харди и татко му.
"Том дојде со татко му, имаа кратка содржина од десет страници, во која се спомнуваа Америка, Африка и темната страна на Англија во тоа време", изјави Скот за "Рејдио тајмс".
Том Харди објасни како бил создаден неговиот лик Џејмс Кезаја Дилејни: "Го играв Бил Сајкс во 'Оливер Твист', и уживав во тој лик. Помислив дека би сакал да играм лик како него, ама да биде главен лик. Исто така, сакав да биде како Доктор Фауст во телото на Сајкс. Да го има и Ханибал Лектор внатре. И Шерлок Холмс. Сметав дека треба да го вметнеме и Хитклиф и Марлоу од 'Срце на темнината'".
Серијата во осум дела почна да се емитува викендов на "Би-Би-Си 1".


Текстот е прочитан 548 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
26 ден протести-нема Тиранска влада
26 ден по ред илјадници граѓани маршираат низ улиците во Скопје. Вечерва н...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter