Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

26.10.2016, 13:45

АВИОНИ

СТЈУАРДЕСИ СВЕДОЧАТ ЗА НАЈЧУДНИТЕ ПАТНИЦИ ВО АВИОНИТЕ

Можам ли да ја дојам мачкава додека летаме?

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Професијата стјуардеса важи за една од најбараните професии во светот, но и една за која се врзуваат најмногу контроверзи и несекојдневни случувања. Британскиот магазин "Сан" објавува неколку примери од секојдневието на стјуардесите кои што тие самите автентично ги раскажувале.

Не патувам без моето милениче

Многу американски компании им дозволуваат на патниците да летаат со своите "миленици за емотивна поддршка". Додека повеќето луѓе би одбрале мачка или куче, една жена се решила за мисирка. Ова необично милениче имало свое седиште и морало да биде превезувано низ аеродромот во количка.

Принудно слетување поради миризба на измет

Еден авион што летал од лондонскиот аеродром Хитроу до Дубаи бил принуден да се врати назад. Мирисот од измет во авионот бил толку лош што членовите на персоналот не можеле да продолжат да работат нормално. Абишек Сакдев, еден од патниците, на социјалната мрежа Твитер напишал: "Лудило. Нашиот авион што леташе кон Дубаи се врати во Хитроу поради мирисот на измет од тоалетот. Пилотот најави дека бара некој од постарите членови на екипажот во кабината и знаевме дека нешто е малку чудно. По 10 минути тој рече "Можеби забележавте дека прилично лош мирис доаѓа од еден од тоалетите. Кажа дека се работи за течен фекален измет. Токму тие зборови ги употреби."



Супа од тоалетот

Храната во авионите е лоша, па веројатно и заради тоа еден патник решил да си го направи својот оброк во тоалетот. На интернет поранешната стјуардеса Хедер Вајлд опишала настан што лично таа го доживеала. Имено таа на еден од своите летови фатила еден од патниците како се обидува да си направи супа со вода од авионот. Хедер понатаму пишува дека цевките за вода во авионот не се чистат воопшто.

Доење? Да. Но, какво?

Доењето во јавност е дискутабилно за многумина, но жена што дои мачка во авион е веројатно најчудната варијанта. Поранешна стјуардеса на страницата за прашања и одговори на Јаху опишува дека една патничка ја прашала дали ќе биде во ред да го дои своето милениче за време на летот. Барањето нормално било одбиено.

Уринирање во шише

Една стјуардеса ја опишува една од најбизарните сцени што се случила на авионски лет. Спред нејзиното кажување, еден патник веројатно бил веројатно мрзелив да оди до тоалетот, па уринирал во шише од пијалок што го нарачал од стјуардесата.


Текстот е прочитан 1734 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

58-ми ден протести за иднината на Македонија (Фотогалерија)
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter