Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

28.02.2017, 12:30

Андреј Папаз Ѓоргиевски избран за најуспешен моден дизајнер од Битола

Сензуалниот моден дизајнер Андреј Папаз Ѓоргиевски е прогласен за најуспешен дизајнер за изминатата година, на традиционалната манифестација "Избираме најуспешни битолчани за 2016", организирана од "Битолски весник".

"Како млад дизајнер, чест ми е што 'Битолски весник' ме избра за најуспешен дизајнер. Оваа манифестација е престижна и се организира 18 години по ред. Сега можам да кажам дека сум рамо до рамо со останатите успешни колеги. Како прва награда од мојот роден град, ќе биде поттик за мојата работа и за колекциите во иднина", вели Папаз.
Ѓоргиевски веќе неколку години активно и успешно се пласира на модната сцена со своите креации, а, исто така, и како костимограф за театарски претстави, а и телевизиски серии. Неговото име се јавува на над триесет авторски остварувања, проектите "Македонски идол, Евровизија, ТВ-серијалот "5+ фамилија".
Изминатата 2016 година му ја обележа костимографијата за првонаградената претстава за најдобро уметничко остварување - "Кралски игри", во продукција на Народниот театар од Битола. На Модниот викенд во Скопје се претстави со првата самостојна ревија, со колекцијата "Враќање на антихеројот".


Текстот е прочитан 1351 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter