Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

04.01.2017, 13:51

Зголемен бројот на сообраќајки во Тетово

 Зголемување на бројот на сообраќајни несреќи во Тетово од 8,2 отсто во 2016 во однос на 2015 година, покажува статистиката на тетовската полиција.

Податоците на тетовската полиција, покажуваат дека минатата година во Тетовско се случиле вкупно 802 сообраќајни несреќи или 61 повеќе во споредба со претходната 2015 година.

Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, она што особено загрижува е двојно поголемиот број на загинати во несреќите, откако во 11 несреќи минатата година животот го загубиле 13 лица, додека во 2015 година загинале седум лица.

Минатата година 48 несреќи завршиле со тешки телесни повреди, 301 со лесни, а во 442 била причинета само материјална штета. Најголемиот број сообраќајни несреќи минатата година се случиле на тетовските улици - 372 , потоа на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје и регионалните патишта Тетово-Пирок, Тетово-Волковија и Тетово-Скопје.

Најчеста причина за несреќите повторно е неприлагодена брзина односно пребрзо возење, а карактеристични се 90 несреќи што ги предизвикале животни. Регистрирани се 118 излетувања од коловоз, пред се како последица на неприлагодена брзина. Во 72 несреќи учествувале пешаци, каде најчеста причина е недавање предност од возачите или невнимателно преминување на улиците посебно од малолетни деца.


Текстот е прочитан 455 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter