Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

07.06.2015, 09:04

ДИЗАЈНЕРИТЕ ЗА ВНАТРЕШНО УРЕДУВАЊЕ СОВЕТУВААТ

Како до шик, а релаксиран дом

САД (АП) - Овој компромис е навистина тежок: Многумина од нас сакаат домовите да ни изгледаат модерни и убаво уредени како оние во списанието за уредување ентериери.

Но истовремено сакаме тие да бидат удобни и едноставни.

"Релаксиран животен стил е нешто што привлекува сe поголем интерес кај луѓето и нивните домови се одраз токму на тоа", изјави дизајнерката Јанг Ху која живее во Њујорк.
"Старите правила на формално декорирање исчезнуваат. Луѓето денес повеќе сакаат да уживаат, а обраќаат помалку внимание на тоа да ги импресионираат другите", изјави таа.

Дизајнерката Кејт Џексон, од Роуд Ајленд, го дели ова мислење.
"Почесто добивам барања за простор што ќе го користат семејството и пријателите, без никаква формалност".

Како да $ уредите една соба фасцинантно, но таа истовремено да биде удобна?

Еве неколку совети од дизајнери на ентериер за постигнување на ваков баланс: фасцинантен и релаксиран стил.

ИЗБЕРЕТЕ НЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ

Изберете удобна гарнитура со многу перници и меки прекривки и табуретки. Употребувајте меки и лесни материјали како памук, лен и меки платна.
За да додате свој печат и стил, дизајнерот Брајан Патрик Флин предлага да изберете смели, графички риги, наместо материјали во смели бои.
"Релаксираниот ентериер не секогаш бара нежни и загасени бои. Може да изобилува со најразлични бои, а сепак да биде удобен и лежерен", изјави Флин.
Кога се вметнува смела боја со текстура и карактер, просторот добива чувство на историја.

ЛИЧНИ ПАРЧИЊА

Релаксираните соби содржат предмети со лично значење, како на пример нешто наследено што може да се носи или да се изветви како што поминува време.
"Клиентите обожаваат кога во новиот дизајн вметнувам специјално парче што претходно го имале", изјави Џексон.
Без разлика дали тоа ќе биде некоја дрвена курија или урамена црно-бела фотографија, предметите од сентиментална вредност го прават просторот посебен.
"Винтиџ предметите се како да купите совршено удобрни разносени фармерки, без да треба да ги разносите вие", изјави Ху.
"Несовршените, стари предмети даваат чувство дека сe може да се допре и дека тие се поотпорни и од времето што проаѓа но е изживеано максимално", додаде таа.

ФУНКЦИОНАЛЕН СТИЛ

Прво размислете добро за што ви е наменет просторот и потоа соодветно на тоа изберете мебел.

Ако гледате филмови, изберете седмосед каде ќе го собере целото семејство.

Ако го користите просторот за забава, изберете столчиња на тркалца во кои конверзациите се одвиваат полесно.

Уредете сe како што вам ви одговара: Поставете мали масички каде обично ги оставате пијалоците, а ако читате поставете светилки каде ќе ви требаат.

Дури може да размислите и за промена на намената на одредена соба.

"Сум имал клиенти кои бараат да им се пренамени трпезариската соба во порелаксиран простор што ќе може да се користи секојдневно", изјави Џексон.


Текстот е прочитан 4251 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter