Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

14.02.2017, 15:32

КУЛТНОТО СПИСАНИЕ ПОВТОРНО ЈА МЕНУВА БРЕНД СТРАТЕГИЈАТА

"Плејбој" ја враќа голотијата

Фотографиите на речиси целосно разголените модели ќе се вратат на насловната страница на култното списание со назнака"за возрасни", соопштија основачот на "Плејбој" Хју Хефнер и неговиот син Купер, наведувајќи дека одлуката да се откажат од еротската содржина од минатата година била грешка.

"Прв ќе признаам дека начинот на кој списанието ја претставуваше разголеноста застарел, но беше грешка сосема да се исфрлат фотографиите на разголени модели", истакнуваат и таткото и синот Хефнер на Твитер.
"Голотијата никогаш не била проблем, а не е ни денес. Денес ние го возобновуваме нашиот индивидуален стил и одново истакнуваме дека ние сме тави какви што сме", додаваат тие.
Хју Хефнер, кој го основа "Плејбој" во 1953 година, ја понуди компанијата на берза во 2011 година, заедно со инвестицискиот фонд "Ризви Траверс менаџмент", а во тој бизнис нејзината вредност изнесуваше 207 милиони долари. Месечникот "Плејбој" беше меѓу првите во светот што објавуваше фотографии со разголени жени, но во февруари, 2016 година списанието престана да објавува такви фотографии бидејќи, како што порача, тој концепт е застарен и не е повеќе привлечен бидејќи има изобилство бесплатна порнографија на Интернет. Тиражот на "плејбој" падна од 5,6 милиони примероци во 1975 година на околу 800.000 последните години, но компанијата повеќе заработува на лиценците на својот бренд и логоа за различни производи ширум светот.

Од разголени убавици до хиџаб

Списанието "Плејбој" чиј заштитен знак до пред извесно време со децении беа разголените зајачици и меката порнографија, во октомври, 2016 година направи еден значаен чекор и првпат објави фотографија на муслиманка со хиџаб со што предизвика и пофалби и критики. Станува збор за 22-годишната американска новинарка од либиско потекло Нур Тагури, која работи за видео каналот "Њуз" и за "Плејбој" позираше со црна кожена јакна, фармерки, патики и хиџаб, исламски шал кој ја прекрива главата. Во прилогот таа беше претставена како активистка "која оди само напред". Нејзината приказна многумина ја пофалија како добар потег на списаниетио во неговиот развој. Меѓутоа, многумина и ја нападнаа младата Тагури затоа што се согласила да даде интервју за списанието.


Текстот е прочитан 1135 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter