Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

21.12.2016, 11:37

ПОФАЛБИ ЗА ДИРЕКЦИЈАТА НА ФЕСТИВАЛОТ И ЗА ДФРМ

За ИМАГО на "Манаки" во "Бритиш кинематографер"

Во ноемвриското издание на влијателното списание "Бритиш кинематографер", на две страници, со шест фотографии е објавен извештај за конгресот на Меѓународната федерација на кинематографери - ИМАГО, одржан во рамки на 37. фестивал "Браќа Манаки" во Битола.

Во фокусот на текстот е новоизбраниот претседател на ИМАГО Рене Рестад кој, пак, со суперлативи се заблагодарува на организацијата на Фестивалот во Битола.
"Македонското друштвото на филмски професионалци, како домаќин на ИМАГО, ни овозможи и пријатен престој и ефикасни средби", пишува Рестад.
Тој, на почетокот му се заблагодарува на Томи Салковски, кој раководеше со организацијата на конгресот на ИМАГО во Битола, и продолжува за фестивалот "Манаки":



"Им благодарам, исто така, и на директорите на Фестивалот Благоја Куновски и Гена Теодосиевски што ни овозможија да бидеме дел од овој голем филмски балкански фестивал, кој особено се фокусира на важната улога на кинематограферот во продукцијата на филмот. Македонија, градот Битола и филмскиот фестивал 'Манаки' е место со топло срце и одлично организиран фестивал, и членовите на ИМАГО ќе го имаат тоа на ум и ќе го промовираат".
Домаќин на ИМАГО беше Друштвото на филмски професионалци на Македонија. Во Европската федерација на кинематографери - ИМАГО, членуваат околу 50 меѓународни здруженија со повеќе од 4 000 кинематографери од сите краеви на светот. (К.Р.)


Текстот е прочитан 393 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Црвениот килим на Греми 2017
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter