Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

23.12.2016, 12:38

Лука Стојковски - голгетер и голман споени во едно

Реткост во фудбалот е да се видат еден голман, воедно да биде и напаѓач во исто време во еден фудбалски тим.

Тоа во своите редови го има генерацијата 2003 година на Вардар каде што Лука Стојковски покрај тоа што успешно ја чува мрежата, е и голгетер на екипата за која има постигнато пет голови. Во мечевите од регионалната Лига, оваа генерација има максимален број на победи, односно 10 од 10 и со стонастотен ефект ќе го дочека вториот дел од сезоната.

Интересно, голман, а во исто време и напаѓач, тоа е реткост во фудбалот... На која позиција се чувствуваш подобро?

И таму и таму се чувствувам убаво. Најважно ми е што го сакам фудбалот и каде ќе ми каже тренерот, таму ќе играм. Мило ми е кога ќе успеам да ја сочувам мрежата, и во исто време ми е мило кога ќе постигнам гол. До сега имам постигнато пет голови и посакувам да има уште, се разбира доколку тренерот смета на мене и во нападот.



Каде се твоите идоли, на голманската позиција или во нападот?

Имам и на двете позиции мои идоли. На голманската позиција тоа е Давид де Геа, а кај напаѓачите Кристијано Роналдо. Сонувам да бидам еден ден добар играч кој што ќе игра во првиот тим на Вардар.

Доминирате во првиот дел од сезоната со сите победи, какви се твоите впечатоци од досегашниот тек на сезоната?

Кога се победува секогаш е убаво чувството, и моите впечатоци од овој прв дел од сезоната се нормално позитивни, кога се имаат сите победи по ред. Мојата цел како голман е да ја сочувам мрежата, ама на крајот најважно е Вардар да победува, а тоа и го прави. Повремено играм и во нападот каде што постигнав пет голови. Доминираме во првенството и сакаме да продолжиме во ист стил и во вториот дел од сезоната..



Кои се очекувањата од тебе вториот дел од сезоната?

Да продолжиме во ист стил, односно да победуваме, да се обидеме да ја завршиме сезоната со максимален број на триумфи. Потоа да се пласираме и во финалето од Купот и да го освоиме и него. Прво место сме, а после овој натпреварувачки дел одиме во плеј-оф каде што ќе играме со најдобрите на ниво на Македонија. Сметам дека Вардар е тука најквалитетен и ќе одиме да го освоиме шампионскиот пехар.

Како се чувствуваш како дел од Вардар?

Прекрасно ми е во Вардар. Тука ги имаме сите услови да напредуваме. Максимално ги исполнуваме задачите на тренерите, и секојдневно работиме напорно за да станеме еден ден фудбалери на првиот тим. Од Вардар секогаш се бара да се победува, и мислам дека јас и моите соиграчи го правиме тоа. До сега добро оди, и посакуваме така да продолжиме.



Еве што вели тренерот Томче Трајановски за Лука Стојковски...

Лука е талентиран голман, еден од најдобрите во неговата генерација, а покрај тоа што е талентиран голман, е и одличен голгетер, односно одлично се снаоѓа во нападот. Има постигнато пет голови, и на некој начин е еден од нашите главни играчи. Ќе видиме во иднина каде ќе игра, но факт е дека може да игра и на двете позиции. Навистина е реткост во фудбалот еден голман така да се снаоѓа и во нападот. Во секој случај најважно е да продолжи така, и верувам дека еден ден ќе го оствари својот сон, својата желба да биде одличен играч, вели Трајановски.


Текстот е прочитан 1031 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
На денешниот музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје, орга...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter