Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

15.11.2016, 07:32

ТЕХНО МОДА

Виртуелниот свет на HTC Vive ексклузивно во Телеком

Македонски Телеком и компанијата HTC го претставија револуционерниот интерактивен VR систем- HTC Vive, овозможувајќи им на корисниците да доживеат неверојатно искуство на виртуелна реалност. Посетителите во Телеком Иновативниот центар имаа уникатна можност да ја пробаат најновата верзија на VR системот на HTC, кој што обезбедува уникатно искуство на виртуелна реалност, односно свет во кој единственото ограничување е човековата имагинација. Како револуционерно достигнување, HTC Vive системот е победник во категоријата на VR уреди на Асоцијацијата EISA (European Imaging and Sound Association) за 2016-2017 година, којашто ги оценува квалитетот и иновативноста на производите од електроника за широка потрошувачка.

„Македонски Телеком како технолошки лидер на пазарот постојано ги следи светските достигнувања и на корисниците им овозможува врвни иновативни искуства, со воведувaње на револуционерни услуги и уреди. Посебно нe радува што во соработка со HTC, нашите корисници денеска имаат можност први да го испробаат најновиот VR уред, кој што дефинитивно го менува начинот на комуникација и интеракција со светот. Веруваме дека VR системот на HTC, кој што е единствен по своите перформанси, освен за забава ќе најде поширока примена во секојдневниот живот и во различни деловни области“, изјави Климентина Тунтева Кржаловска, директор на Стратегија и Корпоративни комуникации во Македонски Телеком.

HTC Vive овозможува потполна контрола на движењето на корисникот во просторот од 360 степени, истражување на предметите од сите нивни страни и потполна интеракција со околината, поставувајќи притоа нов стандард во креирањето на инспиративна виртуелна реалност. Секоја поединечна компонента од новиот уред HTC Vive Pre е комплетно редизајнирана за да обезбеди поголема удобност, ергономија и перформанси. Со овие клучни подобрувања, HTC го потврди своето ветување, при најавата на уредот минатата година, за создавање на фасцинантни искуства коишто го менуваат начинот на кој комуницираме, се забавуваме, учиме и се обучуваме.

„Денес сме во можност за прв пат да го претставиме овој револуционерен систем на виртуелна реалност на македонската јавност, кој е дело на HTC и Valve со нашиот партнер – Македонски Телеком. Можностите за движење и контрола во просторот, претставени преки игрите и апликациите, нудат примена на уредот и во други сфери на животот, освен за виртуелната забава. Уште отсега можеме да ја предвидиме примената во медицината, туризмот, како и индустрискиот дизајн, со оглед на појавата на голем број нови и интересни апликации од Steam. Наскоро ќе бидеме во можност да се нурнеме во светот на далечните острови и мориња, да се прошетаме низ човечкиот организам, да ја откриеме површината на планетите или пак да го составиме својот совршен автомобил“, изјави Николај Нанков, регионален менаџер од HTC.

HTC Vive нуди комплетна опрема за виртуелна реалност, која вклучува сет од две безжични контролни палки, собни сензори за движење и визир (кацига) со вградена камера и телефон. Опремата овозможува и т.н. хибридна реалност, која отвора нов свет на можности, при што корисниците можат да примаат и да одговараат на пропуштените телефонски повици, да читаат пораки, да праќаат брзи одговори и да го проверуваат својот календар директно преку ВР кацигата.

Освен за забава, најновиот HTC Vive Pre се очекува да стане применлива алатка во деловниот свет, односно да најде поширока употреба во науката, образованието, медицината, туризмот, инженерството, креативните индустрии итн.

Корисниците на Македонски Телеком коишто сакаат да го истражат виртуелниот свет, можат да закажат сопствена HTC Vive авантура во Телеком Иновативниот центар на www.telekom.mk/HTCVive.





Текстот е прочитан 701 пати.
#
Arena Sport каналите вклучени во новите Интернет и ТВ пакети од Телеком
Новите Samsung Galaxy A3 и A5 паметни телефони достапни во Македонија
Ретро тастатура за носталгичари
Хакирање на Фејсбук што ниедна лозинка нема да го спречи
Филипс го произведе најголемиот закривен монитор
„Нокиа“ се враќа на пазарот на смартфони
Магичен часовник од Македонски телеком: Повеќе време со семејството во текот на празниците
Ватсап подготвува можност за бришење на испратени пораки
Ловот заврши: Покемоните умираат
„Гугл“ конечно го менува Адоуб Флеш Плеер во Хром

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
24-ти ден масовно за унитарна Македонија (Фото)
24 ден од протестите организирани од граѓанската иницијатива За заедничка ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Фишеци од мортадела
Приготвување:сирењето добро издробете го со виљушка или изрендајте го, па ...
Site Meter