Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

03.01.2017, 14:52

Ве чекаме на зимскиот турнир „Една љубов – еден живот“

Трета година по ред почетокот на годината го одбележуваме со подготовка и одржување на најголемиот ракометен турнир во Македонија „Една љубов - еден живот" во организација на Ракометната академија Вардар. Поради се поголемиот број на екипи што учествуваат годинава турнирот ќе се игра во два викенди и во вкупно 5 сали во Скопје.

Заинтересираноста на екипите и бројот на деца што ќе бидат дел од овој турнир покажува дека ракометот останува спорт број 1 во Македонија, и во Вардар сме горди што можеме да се пофалиме со с? поголем број на деца кои почнуваат, но и продолжуваат да тренираат ракомет со надеж дека еден ден ќе станат и репрезентативци на Македонија.

Викендите на 14 и 15 јануари, и 21 и 22 јануари се резервирани за годинешниот ракометен турнир, а над 1200 деца ќе имаат можност да се натпреваруваат, да научат нови работи, да стекнат нови спортски навики и да се дружат.



Турнирот ќе се игра во вкупно 5 сали, и тоа во малата и големата сала на спортскиот центар „Јане Сандански", како и во салите на спортските центри Кале, и Основните училишта „Круме Кепески" и на „Невена Георгиева – Дуња".
Најмалата генерација 2006/09 ќе играат само во салата „Невена Георгиева – Дуња", додека останатите генерации што ќе играат на турнирот се 2000/2001, 2002/2003 и 2004/2005 и ќе играат во останатите 4 сали.

На турнирот учествуваат сите регионални единици кои се дел од Ракометната академија Вардар. Распоредот на натпреварите и саатниците дополнително ќе биде одреден.
Ве очекуваме во една од салите заедно да ги поздравиме идните ракометни ѕвезди


Текстот е прочитан 332 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Граѓаните бараат избори за излез од кризата - 57-ми ден протести на „За заедничка Македонија“ (Фотогалерија)
Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска по 57-ми пат од пр...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter