Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

21.03.2016, 12:56

ФОТО

НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ВИЕНСКИ БАЛ ВО СКОПЈЕ

Униформите потсетија на времето на вистинските балови

Со звуците на Полонезата на Јохан Штраус, завчера, беше отворен традиционалниот Виенски бал, во хотелот "Александар палас".

Во Скопје се играше виенски валцер, за кој дамите ги облекоа своите свечени долги тоалети, а господата, пак, дојдоа во смокинг или во темни костуми. Сепак, највпечатливи беа оние во униформи што со својот дрес код навистина успеаја да го доловат времето кога баловите биле стил на живеење. Седумнаесетта година по ред, Виенскиот бал беше причина да се почувствува духот на австриската традиција, барем во миговите кога свиреше оркестарот "Јохан Штраус", со кој диригираше Саша Николовски-Ѓумар.
На гостите им се обрати и австриската амбасадорка Ренате Коблер, која посочи на хуманиот карактер на балот годинава.
Танцовите двојки од "Прима данца" воодушевија со валцерите на Штраус, како и првенците на Балетот на МОБ, Мими Поп Алексова и Бобан Ковачевски. За евргрините и за македонските хит-рефрени, пак, беа задолжени поп-пе­јач­ка­та Ни­на Ја­не­ва со бен­дот "Ту ег­зит", "Тум­бао сал­са бенд" и сак­со­фо­нис­тот Го­ран Па­паз.
Ба­лот, кој се­ко­ја го­ди­на ­ја пре­не­су­ва авс­трис­ка­та тра­ди­ци­ја во Скопје, го ор­га­ни­зи­ра­ше здру­же­ни­е­то за кул­тур­на со­ра­бот­ка "Јо­хан Штра­ус" и е под пок­ро­ви­тел­ство на Ам­ба­са­да­та на Ре­пуб­ли­ка Авс­три­ја во Ма­ке­до­ни­ја. Во­ди­тел­ка беше Јо­ва­на Стој­ме­но­виќ. Ба­лот го­ди­на­ва имаше ху­ма­ни­та­рен ка­рак­тер. Дел од средс­тва­та од про­да­де­ни­те би­ле­ти се на­ме­не­ти за ли­ца­та со поп­ре­че­ност, ме­ѓу кои и ли­ца­та со Да­у­нов син­дром при здру­же­ни­е­то за про­мо­ци­ја на оп­штес­тве­ната ин­клу­зи­ја "Ин­клу­зив­ни ре­ше­ни­ја" - Скоп­је.
(А.Г.)

































































Фото: В. Тануровски


Текстот е прочитан 5254 пати.
#
Земјоделците, ловџиите и багеристите на чело на денешниот марш против „Тиранската платформа“ (Фото-галерија)
Илиевски: Горди маршираме за Македонија (Фото-галерија)
"За заедничка Македонија“: Не смеете да си играте со народот! (Фото-галерија)
Моден викенд Скопје - Втора вечер (Фотогалерија)
Априлијада (Фотогалерија)
ФОТО: Моторџиите пристигнаа – застануваат на чело на денешниот марш во одбрана на унитарноста на Македонија
Голем народен собир: Не ја даваме Македонија (Фотогалерија)
Наместо транспаренти, цртежи и забава за поддршка на „Заедничка Македонија“ (Фото)
Протест во организација на граѓанската иницијатива "За заедничка Македонија"
Трет ден протести: Кој сака мултиетничка Македонија да ни се приклучи (Фото)

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Граѓаните бараат избори за излез од кризата - 57-ми ден протести на „За заедничка Македонија“ (Фотогалерија)
Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска по 57-ми пат од пр...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter