Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

16.02.2017, 10:15

СРПСКАТА ВОДИТЕЛКА ЈЕЛЕНА КИКИЌ СЛАВЕШЕ СВЕТИ ТРИФУН ВО МАКЕДОНИЈА

Станав експерт за вино

Српската манекенка и водителка Јелена Кикиќ (26) направи бум пред три години, на Хвар, кога прошета покрај море со српскиот крал на бакарот, Милан Поповиќ , една година откако тој ја раскина врската со хрватската поп-ѕвезда Северина Вучковиќ. Сите медиуми тогаш објавија дека таа му е нова девојка, а, всушност, се сретнале да снимат емисија за виното. Со својата атрактивна појава, Јелена завчера, пак, направи бум во Лепово, на закројувањето на лозовите насади на винарницата "Тиквеш". Сите ја гледаа во долгите нозе додека земаше изјави за прилогот за својата емисија "Вино и лозарство", која се емитува на српската телевизија "Прва".

Големите очила за сонце, кои воопшто не ги извади, се нејзин заштитен знак, како и професионалноста, љубезноста и културата на однесување. Таа е дамата што со своите емисии е најдобра реклама за македонските вина, со години наназад.
"Виното веќе неколку години е моја љубов и преокупација. Како жена која сака убаво вино, сега станав експерт за овој пијалак и со уживање ги подготвувам емисиите. Не ја пропуштам можноста да дојдам во Македонија кога и да ме поканат, и да ги пробам вашите убави вина. Според моите сознанија, врвните вина под етикетата на 'Домеин Лепово' се на врвот по квалитет во регионот", ни откри Кикиќ.
Завчера, на сонце, меѓу голем број гости, претставници на дипломатскиот кор во земјата и пријатели на винарницата, дегустираше црвено вино, ама вели дека не прави разлика меѓу бело, црвено, домашно, налевно или купечко вино.
"За виното е битно да е квалитетно. Да го пиете со убаво мезе, со добро друштво, пријатели што шират позитивна енергија", вели Јелена.
Пред да се посвети на водителството, била манекенска ѕвезда, мис, а и се обидела и во актерските води. Од пред една година ја краси рекламата на уште едно македонско вино. (Л.С.)

Кој е дрес-кодот за винарница?

Поканетите гости во винарница секогаш имаат дилема што да облечат и често ме прашуваат. Зашто да бидеш поканет на отворање, на дегустирање и на закројување лозје одамна е престиж во Македонија. Важно е кој ќе те покани и кои се поканетите гости. Дали ќе се пие вино прекуден или навечер? Во затворен елитен простор или на отворено, во винарница?
Кај нас, гостите се облекуваат како што се чувствуваат и како што се расположени. Едни ептен дотерани, особено жените, во тенки хулахопки и на високи потпетици, дури и на -1 степен, други ептен кежуал. Едни во бунди, други во јакни. На некои им е важен изгледот, на некои удобноста. Некој ќе се смрзнува, а некој ќе се вари по секоја цена. Во име на модата, сеирот, озборувањето, некои зашто мислат дека тоа е правилно, а некои зашто не знаат, а и не ги прашуваат тие што знаат. Некогаш, како гостин, ќе погодите со гардеробата, некогаш ќе утнете. Искусните стануваат помудри, а дебитантите ќе научат за следната година. Или не. (Л.С.)


Текстот е прочитан 4602 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter