Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

08.06.2016, 13:27

Миленици

Кој повеќе ги сака луѓето, кучињата или мачките?

Се ближи крајот на дебатите помеѓу сопствениците на кучиња и мачки, на тема чие милениче е подобро.

Имено, научниците дошле до сознание – кој, мачката или кучето, го сака повеќе својот сопственик.
Благодарение на новата студија што ја спровел неврологот и професор на Универзитетот Клермонт, Пол Зак, а која ќе биде прикажана во документарец на „BBC2“, може да се заклучи кој е победник во оваа вечна расправа.
Една поранешна студија покажала дека кучињта ги сакаат своите сопственици пет пати повеќе од мачките и дека се многу поприврзани за нив. Доказ за тоа е нивната безкомпромисна послушност кога станува збор за командите, додека со мачките на тоа поле е „тешко да се преговара“.
Пол Зак земал примероци од крв од 10 кучиња и од 10 мачки пред и после играњето со нивните сопственици, бидејќи сакал да го провери нивото на окситоцин (хормонот на среќа) во нивната крв.
„Окситоцинот се произведува во мозокот кога некој сакаме. Тоа е она што на цицачите им овозможува да се врзат за некој и да почувствуваат блискост“, вели Зак.
Луѓето лачат окситоцин кога ќе доживеат некое пријатно искуство, а нивото на овој хормон зависи од тоа колку целата ситуација е стресна за нас. Кога ќе се најдеме во некоја пријатна ситуација со личност која за нас претставува странец, лачиме до 25 отсто од овој хормон. Кога сме во друштво со драги личности, се излачува и до 50 отсто, а кога таа бројка оди уште нагоре, значи дека сме во друштво со некој кој неизмерно го сакаме, како на пример-децата.
По експериментот на Зак, нивото на окситоцин кај кучињата бил 57,2 отсто. Процентот на окситоцин кај мачките бил само 12 отсто.
Зак објаснува дека ова никако не значи дека оние кои чуваат мачки треба да очајуваат. Мачките инаку се помалку друштвени од кучињата и повеќе се врзуваат за територијата, а овој експеримент е спроведен во стерилни услови. Тој наведува дека резултатите од експериментот веројатно би биле поинакви тој да бил спроведен во куќата на сопственикот.
„Тогаш мачките би лачеле повеќе окситоцин, сигурно“, вели Зак.


Текстот е прочитан 4514 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Црвениот килим на Греми 2017
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter