Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

05.03.2017, 13:57

КОНЦЕРТ ЗА ПАМЕТЕЊЕ СО ОЛИВЕР И СО ЏИБОНИ

Чудо во Скопје

Славевме љубов, живот, добрина, простување и убави времиња. Го почувствувавме мирисот на морето, солта во коса, на процветани олеандри.

Бевме во детството и младоста, со пријателите од Вардар до Триглав. Сите во животот имаме по една Џени, Магдалена, Скалинада, сите жени што ги сакаме се како цесарици. На синоќешниот концерт на Оливер Драгоевиќ (68) и на Џибони (48) во Вип арена, во организација на "Гуливер милс", најмногу се веселевме на "Миракул", зашто секој ден ни е чудо. Дамите уште се надеваат дека со песна можат да ги купат и освојат, како маестралниот стих од хитот на Џибони "Либар", ама на мажите ретко им текнува. Она што е најважно. Синоќа на концертот сите бевме фамилија. Како што е насловен новиот заеднички албум на Оливер и на Џибони. Сите се почувствувавме живи, убави, млади, посакувани, заводливи и романтични. Жени без срам сами танцуваа, партнерите беа џентлмени, падна и по некое танго, сите уживаа, што би рекле хрватите, гуштаа.
Годините не се важни, покажа стариот волк Оливер и бескрајно шармантниот и неверојатно харизматичен Џибони, сосе нашиот гитарски крал Влатко Стефановски. Важни се песните кои нè потсетуваат на убави и посреќни моменти. "Прости ми, тато" (Опрости ми папе), "Верувај во љубовта"(Вјеруј у љубав), "Ова ми е школо" (Ово ми је школа), "Потсети ме што беше тоа љубов"(Потсети ме што то беше љубав), "Убаво ми е "(Липо ми је), "Не се откажувам" (Не одустајем), "Темпера"...
Синоќа тоа беше среќа, како што е насловен и нивниот нов хит. Концерт за паметење и за прераскажување. И пред 8 март, како за беља, имаше и букети ружи. Не ги добија убавите дами во публика. Тие ги подаруваа на хрватските ѕвезди на сцена. Најзаслужено. Зашто бевме дел на музички преседан. Концерт од 4 часа, со две звезди кои се различна генерација, ама кога свират се врсници. Како верни фанови, ја направивме вистинската работа, како хитот на Џибони. Бевме на нивниот концерт.
Да сте ни здрави и живи Оливер, Џибони и Влатко!

Л.Сабит





























Фото: В. Тануровски


Текстот е прочитан 9364 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter