Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

14.02.2017, 13:55

"Мањифико" со награда за животно дело на "Златна бубамара"

Ансамблот "Мањифико" ќе ја добие наградата за животно дело на манифестацијата "Златна бубамара на популарноста", која ќе се одржи в понеделник, во "Метрополис арената" во Скопје.

Пантелеј Кочовски-Панче и Крсто Таушанов, ученици во средното музичко училиште во Скопје, летото 1959 година биле на младинска работна акција во Демир Капија, најјужната делница од автопатот Братство-единство. Се пријавиле за учество на приредба за младите бригадири. Заразени од латиноамериканската музика, која во тие години царувала во светот, Панче и Крсто го барале третиот човек за првиот настап на своето трио. Меѓу бригадирите го сретнале Сергеј Поповски, гитарист, исто така ученик во музичкото училиште. Безименото трио настапило со "Песна за Аргентина" и со "Бунтовник". Успехот бил неочекувано голем. Набргу, на местото на Сергеј дошол Димитар Томов-Митко, одличен гитарист и вокал. Следната 1960 година, во музичкото училиште ги откриле Невенка Арсова и нејзиниот раскошен алт. Таа година квартетот го добил името "Мањифико". Четворката, проширувана повремено и до секстет, ја започнала својата извонредно успешна кариера, која траела до јули 1990 година.



Во текот на 31-годишното постоење, групата "Мањифико" настапила во 37 земји на сите континенти. Одржала 3.700 концерти и 600 добротворни настапи, кои ги посетиле преку 7 милиони гледачи. Дискографската продукција на "Мањифико" е импозантна: 28 мали грамофонски плочи, 5 албуми, 4 аудиокасети, 1 видеокасета, 3 аудио компакт-дискови и 1 дивиди, речиси сите продадени во златен или во сребрен тираж. Радиостаниците за "Мањифико" емитувале 192 емисии, а на 16 ТВ-станици биле снимени 140 полчасовни и едночасовни шоу-програми.
Групата "Мањифико" настапувала пред претседателот на тогашна Југославија, Јосип Броз Тито, неколку пати и пред дипломатскиот кор на тогашната федерација. Мексиканскиот претседател Лопез Матеос, воодушевен од изведбите на "Мањифико", на членовите им подарил комплет мексикански оригинални народни носии. (М.Џ.)


Текстот е прочитан 1502 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter