Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

24.07.2016, 14:08

МИЛЕНИЦИ

Кога кучето повраќа...

Повраќањето се јавува како резултат на широк спектар причини и повеќето сопственици ќе забележат, одвреме-навреме, повраќање кај своите кучиња-миленици.

При актот на повраќање, се исфрла содржината од желудникот и евентуално од првиот дел на цревата. Честопати лигавењето и лижењето на усните, како и напразното голтање, претставуваат знаци на гадење, кое му претходи на повраќањето. Повраќањето се јавува кога центарот за повраќ ање, сместен во медулата на мозокот, ќе биде стимулиран од рецепторите. Овие рецептори се наоѓаат во фаринксот, гастроинтестиналниот тракт, како и во црниот дроб и панкреасот. Често се гледа повраќање кај кучињата и обично тоа е само повремена појава. Ако сопственикот забележи дека миленикот повратил само еднаш без да го промени своето расположение, тоа претставува физиолошка реакција.

За проблем може да се смета доколку повраќањето се јавува почесто и кучето станува летаргично, одбива храна и вода. Тогаш е неопходна ветеринарна помош. Кучињата често повраќаат затоа што јадат брзо и многу. Во минатото, како диви кучиња, тие морале да се борат за храна и да јадат брзо пред да им биде одземена од други членови на глутницата. Тој еволутивен развој се задржал до денес. Цревните паразити, исто така, може да предизвикуваат проблеми со повраќање. Малите кучиња се најчесто инвадирани со цревни паразити, кои понекогаш ги има во толкав број, што можат да предизвикаат парцијална блокада на цревата, состојба која може да предизвика повраќ ање. Храната, особено кај кутрињата со чувствителен стомак, може да предизвика повраќање. Понекогаш кучињата не можат да толерираат богата енергетска храна и мрсна храна. Корекцијата на храната, понекогаш дури со медицинска, обично ги решава проблемите.


Текстот е прочитан 4993 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
10-те најпопуларни хотели на Инстаграм!
Социјалната мрежа Инстаграм ја објави листата на 10-те најпопуларни хотели...
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Плескавици од блитва
Приготвување: исчистената блитва ставете ја во вриена вода и варете ја око...
Site Meter