Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.02.2017, 12:53

ФОЛК-ПЕЈАЧКАТА СУЗАНА ГАВАЗОВА И "БОЛЕРО" ЗАМИНАА ЗА АВСТРАЛИЈА

Во Мелбурн ќе го славиме Тримери

Фолк-пејачката Сузана Гавазова по пауза од неколку години им се врати на турнеите. Таа минатата недела замина за Австралија, заедно со нејзината некогашна група "Болеро" и пејачот Христијан Божинов, каде цел месец ќе настапува во поголемите градови.

Првиот концерт го одржаа во саботата во Перт, в петок се во Волонгонг, на 17 во Мелбурн, на 18 во Сиднеј, на 24 повторно во Мелбурн, на 25 во Спрингвил, на трети март повторно се во Сиднеј и на четврти март е последниот концерт во Камбера.
"Концертот кој ќе се одржи на 24 овој месец во 'Гранд Нерет рецепшн' ќе биде славење на празникот Тримери, што значи дека ќе биде маскенбал. И јас и колегите од 'Болеро' сме од Струмица и бидејќи сме далеку од дома, ова е единствениот начин да им дадеме поддршка на нашите сограѓани за големиот маскенбал", рече Сузе пред заминување.
Организаторот од "Република ентертејмент", Влатко Јовески вели дека ова не е конечната бројка на концерти, бидејќи интересот за Сузе е голем.



"Поради случувањата во приватниот живот на Сузе, мажењето, па мајчинството, таа не била долго време и затоа интересот за неа е голем, но и за пејачи од нејзиниот калибар. Оттаму и причината што сè уште не можеме да го кажеме точниот број на концертите, бидејќи сè уште не знаеме во колку града ќе настапи, а за одредени градови има интерес и за по 2-3 концерти", вели Јовески од "Република ентертејмент" .
Сузе над пет години нема гостувано кај нашите иселеници во Австралија. Таа пред неколку години се омажи, потоа ја роди првата ќерка Емили, минатата година ја роди и Селена. И самата досега има изјавено дека ќе паузира од турнеи додека не $ потпораснат децата. Прв пат по раѓањето на ќерките настапи во Скопје на дочекот на Нова година. (В.М.)


Текстот е прочитан 1658 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
ФОТО - „За заедничка Македонија“ до ВМРО-ДПМНЕ: Не смеете да дозволите избор на претседател на Собрание кој нема да ја отфрли Тиранската платформа
Денес сме 29-ти ден откако излеговме на улица. Да им повториме на пратениц...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Компири во сол
Приготвување: компирите истријте ги со остра четкичка, измијте ги добро и ...
Site Meter