Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

09.01.2017, 14:11

Новиот човечки орган доби име - мезентериум

ИРСКА - Новиот орган во човечкиот организам и официјално го доби името мезентериум и се наоѓа во дигестивниот тракт. Неговата структура е добро позната, а за функцијата не се знае многу.

Мезентериумот всушност е двослоен вреќест превој што ги поврзува цревата со задниот дел на абдоминалната празнина.
Анатомскиот опис кој веќе 100 години се наоѓа во литературата не бил целосно точен. Долго се мислело дека мезентериумот е составен од фрагментирани структури.
"Овој орган е далеку од простата низа неповрзани посебни делови, тоа е една структура", објаснува Калвин Кофи, професор по хирургија од Универзитетската болница Лимерик во Ирска.



Според неговите зборови, објаснена е анатомијата на структурата, а иден чекор е да се објасни неговата функција.
"Ако ја разбирате функцијата, можете да ја препознаете неправилноста во работата и тогаш имате болест. Спојте го сето тоа заедно и ќе добиете цела нова гранка во медицината", додава Кофи.
Веста за неговото откритие е објавена во магазинот "Ленсет гастроентеролоџи енд хепатологи".
Студентите по медицина и научниците сега вниманието ќе го насочат на истражување на улогата на мезентериумот во абдоминалните заболувања.


Текстот е прочитан 1422 пати.
#
Караѓорѓевиќ на сексуално лекување во Буљарица, Туѓман во кревет со маќеата
Филмски локации за светските патници
Нема добар секс со политички противник
Плавшиќ открива пикантерии по излегувањето од затворот во Хаг: Милошевиќ ја газеше Библијата, Караџиќ е најголемиот шкопен петел
Патуваме, уживаме и правиме пари
Пат околу светот за 80 дена со велосипед
15 минути дремка на секои 4 часа
Маша го прегази Путин
Од униформа во бикини
Бил гејтс чита, Бафет свири укулеле против стресот

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Граѓаните бараат избори за излез од кризата - 57-ми ден протести на „За заедничка Македонија“ (Фотогалерија)
Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска по 57-ми пат од пр...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter