Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

12.04.2016, 22:10

Авиони

Шеријатска авио-компанија издавала рачно напишани билети

"Рајани ер", прва малезиска авио-компанија која работи согласно шеријатот е под истрага поради безбедносни пропусти, откако се откри дека издавала рачно пишувани авионски билети од Куала Лумпур до Кучинг.

Малезискиот пратеник, Лау Венг Сан ситуацијата ја опиша како "неверојатна" и ги објави фотографиите од билетите на кои се неговото име, бројот на седиште и времето на тргнување и пристигнување напишани со хемиско пенкало на хартија со лого на авио-компанијата.
- Ова не би поминало на друго место во светот, само во Малезија, рече тој.
На патниците им се издавани билети напишани со рака поради "поправка на хидрауликата".
Авиокомпанијата соопшти дека билетите ги издавала на "официјална термална хартија", иста која се користи за печатење на билети.
Според соопштението на компанијата "системот не можел да ги промени деталите за летот" за патниците, чие заминување било одложено за некое друго време.
Надлежните органи покренаа истрага за инцидентот, а авио-компанијата би можела да сноси санкции заради крешење на безбедносните мерки, затоа што билетите немале баркодови и "можело да ги напише кој било".
Компанијата "Рајани ер" им се извини на сите "патници чии планови беа променети со одложување на летот и со тоа предизвика конфузија, додадвајќи дека повеќе нема да издава рачно пишувани билети".
Таа компанија е една од ретките авио-компании кои ги почитуваат исламските обичаи, како молитви пред летање, забрана на алкохол и свинско месо во авионите и строго правило на облекување за стјуардесите.


Текстот е прочитан 1419 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter