Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

05.01.2017, 13:29

ОД ДЕНЕС ВО СКОПСКИТЕ КИНА

Игра фаворитот на сезоната "Ла ла ленд"

Мјузиклот "Ла ла ленд", кој е меѓу фаворитите во претстојната холивудска сезона на награди, од денес игра во кината "Синеплекс" и во "Милениум".

Филмот на Демијан Шазел, приказната за романса меѓу млада глумица и џез -пијанист, номиниран е за Златен глобус во 7 категории: комедија/мјузикл, режија, сценарио, главен глумец (Рајан Гослинг), главна глумица (Ема Стоун), музика и песна. Глобусите, кои се сметаат за главен репер пред Оскарите, се доделуваат в недела.
"Како што расте успехот кај Миа, надежна актерка која работи како келнерка и ги служи познатите филмски ѕвезди, и Себастијан, џез-музичар, кој свири по коктел - забави во валкани барови, нивната љубовна врска станува кревка, и соништата кои ги имаат, пополека исчезнуваат", е дел од содржината.
Меѓу информациите кои се спомнуваат за филмот, интересни факти се дека Ема Вотсон ја одбила улогата на Миа за да го сними "Убавицата и ѕверот", а пак, Гослинг ја одбил улогата во тој филм за да го снима "Ла ла ленд".



Гослинг, исто така, шест дена во неделата, по два часа дневно вежбал да свири на пијано, за да може автентично да го долови ликот на џез-музичарот Себастијан.
Режисерот сакал да ги сними музичките сцени како во старите времиња, кога се работеле мјузикли, без монтажа и кратење на кадри, па затоа Гослинг научил да ги свири мелодиите од почеток до крај.
Шазел во 2014 година го сними "Ритамот на лудилото", филм кој доби три оскари - за најдобра машка споредна улога, за монтажа и за звук , еден Златен глобус и три награди БАФТА.
На програмата се и германскиот "Одеднаш" на Асли Озге и анимираниот за деца "Балерината и Виктор". (Б.Н.)
(Б. Н.)


Текстот е прочитан 402 пати.
#
Ана Пандевска е прва во две категории
Комеморацијата за маестро Ѓумар е в среда во 11 часот во МОБ
"Ничија земја" од Венеција стигна во Скопје
Наградени 13 композиции на вториот конкурсен рок за создавање класична музика
Почина актерскиот првенец Сефедин Нуредини
Замина голем човек, пријател и музичар
Почина диригентот Саша Николовски - Ѓумар
Мисо е најпродаван онлајн автор во Македонија
Краток филм на Јакимска премиерно во Трст
Игра францускиот филм сниман на обиколницата

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
10-те најпопуларни хотели на Инстаграм!
Социјалната мрежа Инстаграм ја објави листата на 10-те најпопуларни хотели...
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Плескавици од блитва
Приготвување: исчистената блитва ставете ја во вриена вода и варете ја око...
Site Meter