Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

22.09.2016, 12:45

„Best in Test“ сертификат за квалитет за мобилната мрежа на „Македонски Телеком“

Македонски Телеком обезбедува најдобри резултати за мобилни податочни услуги и најдобри резултати за говорни услуги меѓу мрежите во Македонија, потврди тестирањето на компанијата P3 Communications, која на Македонски Телеком му додели P3 „Best in Test“ сертификат, што претставува меѓународно признат доказ за квалитетoт на мобилната мрежа.

P3 Communications го спроведе тестирањето во периодот од 28 мај до 8 јуни годинава. Во текот на тестирањето, мрежата на Македонски Телеком постигна 740 од можни 1000 бодови, многу повеќе од директната конкуренција.

Независното истражување потврди дека мобилната мрежа на Македонски Телеком ги има најдобрите резултати преку симулирање на корисничко искуство. Севкупното тестирање покажа дека во Македонија мрежата на Македонски Телеком има највисок рејтинг за податочни услуги, односно за преземање (download) и поставување (upload) на содржини, како и највисока оценка за говорни услуги.

Македoнски Телеком неколку години по ред го добива престижното признание од P3 Communications, што претставува резултат на заложбата на компанијата преку модернизација и постојани инвестиции во најновите технологии да обезбеди најдобро корисничко искуство, овозможувајќи им иновативни, софистицирани и персонализирани услуги на граѓаните, согласно нивните потреби и можности.

Компанијата „P3 Communications” е водечка компанија за услуги за консалтинг, инженеринг и тестирање во телеком индустријата. Една од главните дејности на компанијата е вршење компаративни мерења на квалитетот на мобилните мрежи, кои ги спроведува во над 50 земји низ целиот свет. P3 сертификатот е широко прифатен како независен и репрезентативен резултат од тестирањето на мобилните мрежи, бидејќи се базира на реална споредба на конкурентите на одреден пазар.


Текстот е прочитан 2069 пати.
#
E-matematika.mk за полесно совладување на математички вештини
Arena Sport каналите вклучени во новите Интернет и ТВ пакети од Телеком
Новите Samsung Galaxy A3 и A5 паметни телефони достапни во Македонија
Ретро тастатура за носталгичари
Хакирање на Фејсбук што ниедна лозинка нема да го спречи
Филипс го произведе најголемиот закривен монитор
„Нокиа“ се враќа на пазарот на смартфони
Магичен часовник од Македонски телеком: Повеќе време со семејството во текот на празниците
Ватсап подготвува можност за бришење на испратени пораки
Ловот заврши: Покемоните умираат

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ДЕТАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД СОБРАНИЕТО: НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ОБВИНУВАЊА ЗА ПУЧ, УПАД, МАСОВНА ТЕПАЧКА, РАСКРВАВЕНИ ГЛАВИ, ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА, ОСУДИ И ОБВИНУВАЊА (ФОТО)
СДСМ и ДУИ вчера прескокнаа две точки од дневниот ред на конститутивната с...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter