Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

06.01.2017, 06:13

Зголемен буџет

10 милиони денари повеќе од лани за Детската болница Козле

Набавка на најсовремени ортопедски помагала за примање терапија кај децата со цистична фиброза, како и нови неонатални скрининзи за скриени болести кај бебињата договорија директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, кои вчера ја посетија Детската болница Козле.

По средбата со директорот на Детската болница Козле Оливер Зафировски, економскиот директор Ријад Алими и менаџерскиот тим на таа јавна здравствена установа, Стефаноски изјави дека Детската болница Козле годинава ќе располага со буџет во висина од 126 милиони денари, кој е зголемен од 10 милиони денари споредено со 2016 година.
Со новиот буџет, посочи, ќе се овозможат тие скрининзи и многу побрзо и поефикасно ќе бидат дијагностицирани и детектирани сите деца кои потенцијално може да се разболат од цистична фиброза.
"Средствата ќе бидат искористени за унапредување на здравствените услуги во оваа здравствена установа и за подигнување на нивниот квалитет, како и воведување нови методи и услуги за најранливите категории граѓани во Македонија", рече Стефаноски.
Потенцира дека во текот на минатата година, со директорот Рамадани оствариле контакт со Здружението за цистична фиброза и ги утврдиле потребите кои ги има Здружението и нивните штитеници при третман на болеста.
"Минатата година дадовме збор, а годинава ќе го реализираме дадениот збор, и тоа преку условен буџет и преку Детската болница Козле ќе набавиме најсовремени специјализирани помагала за примање на терапијата за заболените од цистична фиброза. Тоа ќе биде огромен чекор напред во делот на осовременување во пристапот на лекување на заболените", рече Стефаноски.
Според него, Детската болница Козле е еден од најдобрите капитални објекти изградени минатата година во здравствениот сектор во Република Македонија, со што значително се подобрени условите за третман и лекување на децата од целата држава, како и за работа на персоналот во болницата.
"Над осум милиони евра инвестираше Владата, преку Министерството за здравство, во овој капитален објект, кој дава најсовремена здравствена заштита", додаде Стефаноски.
Директорот на ФЗОМ Орхан Рамадани ја нагласи можноста децата со цистична фиброза да имаат подобри услови за лекување.
Директорот на Детската болница Козле Оливер Зафировски посочи дека таа јавна здравствена установа ги исполнува сите европски стандарди, што било потврдено и на последната конференција за цистична фиброза, кога во посета им бил директорот за Кралската болница од Лондон, кој бил пријатно изненаден од условите, тераписките протоколи и се она што го нуди таа јавна здравствена установа.
"Ова претставува дополнителен поттик за нас бидејќи ќе можеме, конечно, да имаме нова софистицирана алатка за рана детекција на болните од цистична фиброза, а тоа ќе значи заштеда на пари, помалку хоспитализации", додаде Зафировски.

Н:Грипот ги легна децата во Козле
Одговарајќи на новинарско прашање, директорот на Детската клиника Козле Зафировски рече дека грипот деновиве го достигнува пикот и, споредено со минатата година, имаат зголемен број хоспитализирани деца, чиј број изнесува над 95, кои се лекуваат со компликации, а амбулантски се прегледани 100 деца.
"Оваа година има многу тешка клиничка слика, и ние лекуваме компликации како што се пневмонии, бронхопневмонии. Очекуваме дека постепено ќе се намали грипот. Намалување на температурите, кои ќе бидат минус 15, 20 степени, ќе придонесе бројот на заболени од грип да се намали", вели Зафировски.


Текстот е прочитан 406 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter